Јас нарачував еднаш, баш тоа за изнесување од болница ми е од таму. Дали така ми се погоди, ама убав е материјалот на сите 3 работи.
Јас сум постојано со зголемен исцедок и со мокри гаќи незнам што да се прави више , правев уринокултура чиста , прееска ги земав резултатите од брисеви и тие ми се чисти пак се јавив кај матичната нормално демек при крај на бременост било .
Исто. Брисеви правев октомври пред да забременам, па февруари, па во јули. Сите се чисти, а си имам жолтеникаво-зелен исцедок, кој во бременост само се засили. Последниве 2 недели поретко се јавува, ама пообилен е. Буквално после станување осеќам како тече и прави потоп. Уринокултурата исто чиста. Единствено објаснување ми е дека се меша со урината, па затоа ја добива таа нијанса, зашто и урината ми е во таа боја.
А зошто мене сеуште матичниот ми нема испитано ниту брисеви, ниту торч, 11+1 сум? Последно торч испитував пред година и повеќе, а брисеви во септември. На 27ми ќе правам само кс и мокрача.
Урината може и од нешто што пиеш да ти е таа боја. Некогаш и одредени витамини ја менуваат. Не знам кои беа што ги пиев јас во првата бременост, ко фосфорна ми беше дури урината и ми рече гинекологот од нив е.
Втора бременост ми е, торч немам правено никогаш. Брисевите можат да се направат на првиот или вториот скрининг. Јас ги правев на вториот и во двете бремености.
@Jana06 малку оф топик. Се мислам и заборавам да те прашам, тогаш за камерата што ми ја препорача за во спална, дали е комплицирана за инсталирање.. нели треба да се поврзе со ви фи уредот? Сами го средивте тоа? Или треба човек да барам?
Кога пијам по два магнезиуми имам диареја, еве последниве денови не пијам и ми се среди столицата. Можно е да ти е од магнезиум посебно ако земаш по два или три на ден. Не знам што е торч, ама знам дека сигурно не е редовно испитување, туку по индикација само. А брисеви се прават прво во 12та недела, ако не ти каже гинекологот кажи му сама дека сакаш да правиш. Мада не верувам дека нема да ти каже зошто се обавезни во 12та. Втор пат не знам кога се прават како ми каже докторот така правам.
Неее, каков човек. Лесно е, јас сама си ја наместив. Си има упатство чекор по чекор, си симнуваш апликација и си правиш профил. После можеш да додаваш и други луѓе, пример маж ти исто на тел да си ја симне и да гледа ама ти си 'админот' да речеме. Може да гледаш и ако не си дома, од странство можеш на пример. Само камерата треба да е на вифи.
Јас би ви дала совет. Сите испитувања што ви следуваат да ги направите за мирна да ви биде главата, секако со упат од матичен ви следуваат бесплатно. Не за сите испитувања има индикации, нема правило. Многумина и за д димери прашуваа дали да прават или не. Еве јас лично секој месец ги следев супер ми беа резултатите. За да вчера во 38 недела пред пораѓај ми рипнале, а претходниот месец ми беа супер. А немам никакви индикации. Затоа правите испитувања за да ако треба терапија бидете покриени.
Па да ми се оди и какам често многу сега дури три пати на ден последниве два дена од кога мислев дека почнаа породилни болки
Хееј.. Незнам дали е за овде прашањето, во врска со ноктите дали е дозволено во бременост маникир и педикир? Втора бременост ми е меѓутоа со првото немам правено но сега е неизбежно бидејќи ноктите ми се катастрофа..
Ма јас сум 28 недела а исцедок имам од пред 2 месеца, може и 3... Каков крај Денес само се исплашив онака зошто ептен осетив у моментот...
Mamicki me zadrzaa vo GAK mi tekoa sum 3 cm otvorena a ctg bese mirno… aj kazetee mi sto ke bidit sledno oti panika me fakaat