Вчера ми правеа преглед и нормално било, три пати менувам веш дневно, ај исцедокот ама и мокри кругови… веќе не знам што е нормално, што не е
Мене исто ми предложија во 36 та да ме задржат 3цм отворена со мирно ЦТГ во Чаир и не прифатив, ми прекина процес на отворање и еве ме 38+5 се немам повеќе отворено. Може ќе те задржат некој ден и ќе те пуштат, може ќе те породат со провокации или пак ќе ти продолжи спонтано процесот на отворање во наредниов ден-два. Само смирено
Имам читано позитивни коментари ама при перење боја пуштале многу. Јас зимав од georgekids на инста и сум задоволна од она што ми испорачаа и квалитет и дезени.
Честитки мајка ❤️ За лековите ако не најдеш некој да ги сака, има едно здружение на ФБ за ИВФ и мислам ќе и се најдат на некоја трудница, јас така мојот утрогестан го понудив.
Мене скоро сите алишта за бебуш ми се од таму. И сум задоволна. Исто ако сакаш има и еден бутик мислам пред затворање продаваат ептен ефтина бебешка облека. По 200 денари. Само е помалечка. Јас земав 4 комплета за 12 месеци но помали калапи се. Златекс мислам дека се вика. Од Неготино е бутикот.
Сакав да прашам. Правев испитување за ддимери. Протромбиско време и активирано парцијално ми се под граница на нормалното. Утре ке одам кај матичниот, дали има некоја членка вакви резултати и дали се прима терапија.
Скоро сите сме така посебно тие на клексани што сме Нека ги види матичната резултатите, ама подобро е трансфузиолог да ги види да ти каже дали ќе ти треба терапија
@Rtulka да сте живи и здрави. @Joraa наутро имаш визита и преглед како напредува отварањето. Ќе ти дадат терапија доколку сметаат дека е потребно. Цтг ќе ти пуштаат редовно, значи под надзор ќе си. Не се секирај. Со лесно.
@Rtulka живи и здрави да сте. @Joraa имаш болки? Ај некој од поискусниве нека ми објасни пошто ништо не ми е јасно. Ако цтг е мирно а еве ти си отворена освен со вагинален преглед нема да знаат дека си отворена. Ама што ќе ги натера да те прегледаат вагинално ако цтг е мирно.
Да, има препорака за трудници и лица со хронични да се ослободени од работа. Еве линк https://mk.tv21.tv/od-chetvrtok-do-...reporaki-za-zashtita-od-visokite-temperaturi/