Ако веќе сипаниците се избиени , немаш простор за паника. Преносливи се додека е инкубација ( пред да почне исфрлувањето). Ситната е поопасна, и не смее да се фати во бременост ако не е прележана како дете. Варичела не се фаќа два пати. Антитела од сипаница се доживотни. Реално и во маркет да влезеш, или автобус и слично некој со тебе може да биде во инкубација од некој вирус. Ако е за тоа не треба да излагаме нигде. И јас како се пазев од корона , па дека на отворено од 2 мин стоење со заразен што незнаеше фатив… Јас се пазам од се. Во обиди за бепче сум и малце се припотресувам, а другите ги тешам да не паничат
@The_Doctor Ајде жено се олесни браво, да сте живи и здрави. Мене исто ми го измерија сега во 38ма 3700гр. а стомаков огромен и планирам природно да раѓам. Осеќам ќе го праќам одма во градинка
https://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_...ZAyveFrHDB_AD8EWicIV1F1RKdfHZ7EvMUD5spqPoLrI4 Важи секаде или само се " препорачува"?
Jas prethodniot pat koga bev trudna mi rekoa samo edno na den. Duri i vo upatstvoto taka pishuvashe ako dobro se sekjavam
Ја од понеделник се враќам на работа, којзнае дали ќе ја прекинат мерката тогаш. Следна недела сум и на преглед, вторник мислам, ќе одиме да видиме дали пак ќе води инат пропелерчево моево да не ни покаже што е, се мислам ќе не мачи до кај 20инекоја недела, нема да ни се покаже. И јас иначе мака имам со популарност веќе, јадење од 3 залака сум тупан и сами салати и мевце и компири би јадела, манџи ни под разно. Уживам во таратурче, многу таратурче.
Јас имав ситни сипаници низ цело тело онакви. Не знам кој тип се. И сум заштитена? Ме зачуди шо ми рече немаш антитела од вакцина, а природно ги поминав. Знам кога ме мачкаа со пудра и да не се чешам да не ми останат флеки.
И јас сум со огромен стомак, докторот што ќе ме пораѓа во 36та недела го измери 3300гр, рече ако го измерам пред пораѓај дека е многу пораснато не ти препорачувам природно бидеќи од тоа пи*ка не бидува веќе.
Во бременост се опасни рубеола сипаници.Да не мислеле на нив...Од нив антитела да не испитуваат? Тие ретко ги прележуваме оти сме вакцинирани од нив. Не се плаши ретки се сега а опасни се само во првите 3 месеци од бременоста. Се извинувам што вака се убацив.
Тоа ти е најпаметно, и да тргне нешто имаш време да отидеш. Не оди тоа така брзо, со неколку прста отворени тераат и по две недели.
Иста бев, се пазев де од вируси, бактерии, па и ковид ајде и на крај кога дигнав раце тогаш бидна... Дај боже да галиш меше за брзо
Па за нив немам антитела. Јас имам поминато едни сипаници, не се едни исти? појма немам. Викаш првите три месеци значи. Ај со Господ напред. Јас и претходната бременост испитував торч на друго место. И сега споредувам резултат и на тој има само рубеола игм, а не и игг, (ова е од приватна лабораторија), а на државно и антителата ги испитале. Значи и претходната бременост сум немала антитела, ама не се видело.
Не се исти. Најчесто варичела или "овчи сипаници " прележуваме оти мислам за нив нема уште вакцина. Не се стресирај ,ретки се сега рубеолата.А и не се мислам многу заразни. Порано не ни испитуваваа антитела за нив.