Добро утро и честитки на новите мами. Јас дојдов да се пофалам/пожалам. Помина првиот скрининг и се е во ред, пренаталниот и исто покажа дека се е во ред и дека баткото ќе има братче. Е не успеав убаво да се израдувам на цела позитива, зошто од денес сум официјално ковид позитивна. Ме држи цела ноќ некоја глупава температура од 37,5 ама болките во грб и колкови кои и онака беа тешко издржливи, сега се страшни. Од 1 ноќеска, се вртев и превртував и никако да фатам позиција и да дремнам повеќе од 15 минути без болка. И изгрејсонце дочекав и сите чавки ги избројав низ прозор. Две ипол години се пазев и успеав сега да закачам. Нит знам каде, нит од кого. Деновите ми се сведени на носење и земање дете од градинка, ако влезам во маркет нешто да испазарам исклучиво со маска. Додуша деновиве и по лекари и контроли одев, ама никогаш нема да знам од каде закачив. Сега и за мали се секирам. Среќа у несреќа последно без маска го видов вчера утрото кога го носев во градинка. После тоа беше кај моите, па надвор и кога дојде јас веќе се осетив дека не сум арна и ставив маска, а ноќеска си спиеа сами со татко му. Сега останува да се надевам дека брзо и лесно ќе помине се.
Ако мислиш за водењакот си појдов кај матичниот со лента провери рече само имам зголемен исцедок. Ама сега во пон. ми доаѓа докторот и мислам дека ќе клекнам на колена да ме задржат и да го извадат бебево, толку ми е тешко овие два дена, не е реално @Rubiii Честито мајка
Колкав сака нека биде ич не сакам царски, решена сум до крај да пробам природно да терам, што и е друго работа на сестрава доле…
Честитки на новите бепчиња, да се живи и здрави сите! Го читав оној Ненад Лазаров, он имаше пишувано дека трудни после 26та треба да се пазат од Ковид. Ама не ми е он многу веродостоен па не знам зошто баш таа недела. Јас имам 2 пати сигурно со тест прележано и еднаш мислам беше Ковид ама не правев тест јер немаше некое време баш баш и тогаш веќе бев трудна, прво тромесечје. Вакцинирана со 2 дози. Искрено мислам дека сега веќе е бизнис ковидов, а реално поминува кај поголем дел лесно. Знам дека кај некои не поминува баш лесно, имам во фамилија ептен блиски 2 случаи од кој еден заврши лошо. Сепак скоро па 6м сме слободни и без маски, на повеќето места, се покажа и докажа дека најголем ризик се овие што патуваат, воведи ги тестовите пред и после патување и ајт на здравје. Досега моиве блиски сите се заразиле на патување, во авион, од патувалци дојдени од друга држава... и затоа сметам дека треба да се направи на граница/аеродром и 3 дена после патување уште еден тест, да се направат подостапни истите и ајт на здравје, се дур владее чумава, односно дур не излезе некоја друга болештина, недајбоже. Јас сум иначе пак у муд апам се живо и диво, нервозна и никој не ме разбира на светов. Се карам со мм, со мајка ми, со дете... се ми смета... уште некој саат кај мајка и едвај чекам дома да си дојдам. Ми идат 2 блиски свадби, да сме само читави зошто и двете ми се драги и сакам да одам, а ми следи и преглед следната недела односно соочување со реалноста, колку сум качила на одмор килажа.
Елена сестрата те исплашила за разни видови на сипаници. Си испитала за рубеола, а низ градинки и кај деца е варичела почеста, не дека не постои рубеола. Во ред е да се пазиш, ама сепак бременоста трае 9 месеци, не може да се допазиме од се. Само господ нека не чува
Еве маж само принесува нешто Јачекам матичнава да видам што ќе каже кога да направам една кс и за болкиве што смеам да пијам, почнуваат да стануваат неиздржливи, нит раздвижување, нит седење ниту лежење помага. Пиев магнезиум директ и не ме пушти ниту малку.
Можеш парацетамол да се напиеш. Јас и поткашлував па да не се спушти на плуќа ми дадоа и 1 доза панцеф (10 дена) А магнезиум директот мислам дека е слаб, прашај дали можеш 2 одеднаш да земеш. Мене ми дозволија тогаш за време на ковид. Пиев и вит Ц од 1000 и Д3 од 2000
@Ano со лесно да поминува Кога нема никакви мерки , ќе се чудиш од каде си фатил. И ние така , мислевме синко донел од градинка, а излезе он после нас позитивен. Не го мисли , децата полесно поминуваат. Ние фативме делта, овој омикронов е полесен. Исто бев трудна 7-ма недела. Значи прогнозата не ми беше успешна, батко ќе биде Шо убаво, сигурно е среќен баткото
Јас ја земав медела калма и бибс цуцли, ама сакам да земам и бибс шише после зашто калмата не била за адаптирано а од кај да знам како ќе биде дај боже да не ми ни треба
Фала женски. Еве искомуницирав и со матичната и со гинекологот и начелно тоа е тоа. Само да поминува побрзо Не, ама битно се да е во ред . Баткото уште не сме му кажале. Со ова коронава не може ни ние да се израдуваме. Јас сум исплашена, ама мм 5 пати повеќе од мене