Во Влае не знам, ама во Карпош 4, Студио 118 би ти го препорачала. Нов е салонот, чисто е внатре, депилираат со восок за една употреба. Девојките се многу внимателни, јас секој месец одам и немам никаква замерка
Кај мене на 5+1 и бета над 6000 се гледаше само точка. Срценце слушнавме на следна контрола после 10 дена, бев 6+4. Со лесно
Им кажа ли дека во ремедика ти препорачаа царски, кажи им на време се да не те измачат без врска да те тераат природно ако не смееш, провокации се за природно раѓање.
Спремна бев да рикнам да плачам таму , имам само точка, не знам и јас веќе, имам едно лошо искуство, докторката вика мала точка, а колкава треба да биде и јас не знам
Верувај дека е од стрес. Јас цела бременост само по болници бев заради тахикардии. Јас пиев Верапамил од пред да останам трудна . Го пиев на сабајле, по препорака од кардиолог. На сите прегледи, на милион ЕКГ се беше ок. Секогаш кога одев ме прашуваа и дали сум анемична и како ми е тироидната. И на крај во 8ми месец ме пратија и на кардиолог ( немаа спас од мене). На ехо се супер, ЕКГ супер. Рекоа и дека како расте плодот притиска на дијафрагмата и затоа и тие тахикардии. Јас и ден денес, иако со терапија (сега пијам Пропранолол), сеуште си имам и палпитации и тахикардии. Веќе срам ми е на кардиолог да одам. Пиј ги Верапамилот, не се плаши. Од нив на почеток имав подобрување. Само јас ги пиев може 3 години, па не знам дали веќе намали дејство(иако знам дека не може). А верувам дека ти е од стресот и од самата тежина од бременоста. Мене сега кардиолог ми вика многу движење. Дека сум поправена уште повеќе ми смета. А и не знам дали игра улога времето , ама еве 3 дена по ред имам тахикардии и палпитации.
Мешиња тие што се на патолошка од денес проблем голем не може да се издаде боледување бев денес на комисија и ништо сите не вратија системот бил блокиран на никој не може да се издаде многу се изнервирав ми кажаа од 1 август на работа
@flower30 фала ти, знаеш која паника е ко ќе фати наеднаш, се изнаплачив таму ќе пробам да се смирам и ќе ги пијам редовно, па ќе видиме.
Комисијата може и до 3 дена ретроградно да издаде, свекрва ми беше на комисија и 3 дена ретроградно и даде боледување. Така да оди или попладне или утре, не може на одиш на работа прво бидејќи си на патолошка, второ бидејќи на најжешкото зар до тоа дојде трудните да одат на работа. Јас сум на одмор, ама колешката ми пиша дека не ослободиле до недела најмалку, проверив и меил има од кабинет стигнато.
И мене матичниот ме испаничи со истиот муабет, мала му стоела точката и се тресев до следна контрола. Па испадна празен муабет, се си беше во ред.
Некогаш матичните многу се расфрлаат со непотребни коментари. Мене исто на почетокот ми рече, ако воопшто дојдеш до 12 недела, а не дека имам историја некаква или пак нешто да не беше во ред. Точка мала била, што сака во 5та недела, 2 кила да биде.
Те сфаќам. Јас одев почесто во Систина ноќе и сигурно им скиснав. И притисокот благо ми се покачуваше баш во болница, до 130/80 . И они онака лабаво, ок си оди си дома. Сега пред неколку месеци одам на кардиолог и фин докторов , ди правиме муабет и му викам имам тахикардии, палпитации и ме боцка срцето. Страв ми е, ќе умрам. И се смее Ми направија екг, ме слушаше на гради , притисок ок. Вика ништо не ти е. И ја реферати, ама палпитации, ама тахикардии, ама пулс 90. Вика се е нормално. И јас исто ко да сум трудна во стомак , а и општо се здебелив. И вика само движење и вежбање. Му викам аа не , какво вежбање одма имам тахикардии, ќе паднам во несвест. Вика за почеток пешачење, а после полека вежбање. Ко на пазар бев таму. Сега штом си со терапија , ќе бидеш покриена и нема што да се плашиш. А и искрено, во последниве 3 години , мислам ретко има трудница без тахикардии. Мене стравот на сам пораѓај ми направи само полошо ( а второ дете ). Така да, шетај повеќе во природа , и само мисли дека се ќе биде во ред, мора да биде ( знам лесно е вака сега, ама понекогаш некои стравови се ирационални, поготово кога сме такви карактери ). Извинете , ви пишав реферати во темаваВе читам јас секој ден , скоро пола од проблемите поминав во бременост, па потполно ве сфаќам Со лесно на сите. Да си имате најлесен и брз пораѓај и да уживате со бебуши во рака
А јас 32 недела сум страв сеуште немам дури и не мислам на тоа можи рано ми е незнам кога одам кај матична пола од тоа што збори и не ја разбирам( не живеам во мк), а мм не го пуштат да влезе. Ехо до сега само 3 пати имам правено малку ли е многу ли е незнам. Добро е што читам од овде па информирана сум за некои работи. Бебе растур ми прави во стомак и така.
Eve glupost ziva na primer mene ctg-to shto mi bese prikaceno na poragjaj mnogu povekje me boleshe od samiot cin,. Ednostavno koga ke pocnea kontrakciite Navecer me bolese no bez prestan. Postojano kako pritisok nekoj custvuvav, kako da se siri. I koga pesacev gubev sila, ne mozev da prodolzam kako da mi se odzemaa nozete kaj butkite