Јас цела бременост редовно пешачев по 4км секоја вечер. И откако ми кажаа цервикс 25 во 35/6 недела, и иако и 2 доктори ми рекоа дека е нормално мене сепак ме фати страв и сега ретко пешачам.
Имав корона минатата недела (имав позитивен брз тест), пред некој ден пак се тестирав негативен, немам веќе симптоми итн. 38+ сум, чекам било кога да реши бебето да излезе, и баш почнав да си се филмам шо ако пак фатам корона па да треба Скопје да ме праќаат?! Знам дека не е многу логично, ама ете, пусти страв -.-
Јас пред 2 месеци прележав и сега пред пораѓај ме фаќа нервоза исто да не закачам и затоа форсирам побрзо да ме породат ама кога нешто нејќе нејќе Па сега си се тешам не вајда за 2 месеци пак да фатам, не па ти за една две недели
Е ајде де... лани прележав исто, година ипол не фатив се' досега, а неколку пати имав блиски контакти со луѓе еден ден пред да кренат температура. А сега се плашам тазе прележана по втор пат. Baby brain во акција
За 2 недели не можеш да фатиш пак. Ама сепак малку припази и причава се, домашните со маски ако треба надвор, ти не искачај и тоа е.
@fana за овие менструалниве болки би помогнало магнезиум да се напијам? Ги имам малку подоле од папокот ама се засилија константно си траат уште не се со стврднување.
26та недела сум и некако многу ниско го чуствувам бебево, со ножињата во бешика мава . Некое решение за ова?
Ќе пробам и со топла вода да се истуширам. Ај ти барем знаеш како изгледаат вистинските, јас цела сум збунета.
И кај мене беше така мн ме болеше кога ме маваше, пробај некоја позиција на лежење да најдиш. Инаку сеуште е со ножињата надоле 32+ сум ама не се паничам сега што ме боле кога мава..
Добра ви вечер милички, дали сте имале зголемен вагинален секрет со жолтеникава боја без мирис, не е премногу обилен но сепак го имам инаку микробиолошки брисеви треба допрва да правам, пред да останам бремена правев и беа супер.
Мешиња ми треба една консултација со вас баш сега правиме муабет со мм. Здравје кога ќе се породам ако сум природно планот ми е првите 2 недели додека мм е дома да не викам друг за помош. Ама ако е царски викам јас мајка ми да земе одмор една недела (живее на 10мин од нас) па да доаѓа само по потреба. Мм смета дека треба и свекрвата да биде тука (а таа е во мк) и ако дојде таа треба да е со нас во станот. Јас некако решена бев дека сакам сами да си бидеме со бебе на почетоко, овој царскиот ме плаши само. Мислете дека доволно ќе ми е ако мм ми помага 2 недели, и мајка ми е на повик првата недела, или да не се јачам и да си биде свекрвата тука за терминот а? Како се справувате вие со царски? Имате помош 24 часа или само по потреба?
Јас сите сум ги викнала немам искуство ама ми е страв појма немам пто да правам плус и да сум си со бебчо некој ќе треба да пере и чисти и готви јас нрма да можам мм е на работа кај мене ама и да не е сепак… и јас тешив сите да се мењааѕ прво една па друга да напоменам имам супер однос до свекрва ми дури си мислам дека мама ми е потршка за разбирање
Свекрва ти треба да дојде по редот на нештата оти е баба за да фо види внучето, а не дека ти треба помош. Сакам да кажам дека помош (ако ти треба) веќе имаш, а свекрва ти ако сака да дојде за да си го види внучето нека дојде.
Од домаќинските работи мм се ќе прави без проблем знам, само диплењето и чистење вц ќе треба јас. Со свекрва ми сум и јас во супер однос само ме нервира зашто се преќутува треба мислење од под јазик да и вадиш, а јас сум мн директна и искрена и некогаш ми е непријатно. Спремаме детска и си замислив како уште на почеток бебе ќе си спие таму (јас ќе преспивам во потреба си местиме и кревет на спуштање таму), а сега ако дојде свекрвата ќе треба таа да е во таа соба. Не знам стварно што да правам мм ме убедува да не си отежнувам самата. @fana да да тоа секако нема шанси да и ја скратам таа радост. Планот беше по 2-3 недели откако ќе се породам таа да дојде на 1 недела со свекорот. А сега мм вика сама да дојде на месец два
Еве и јас вечерва приметив зголемен вагинален исцедок Спојлер како парче урда без мирис темно и светло жолт по бришење а до синоќа користев вагисан вагинални бидејќи 2 пати исто на бришење ми се појави кафеав пишав и пред тоа. Ќе видиме од утре како ќе биде ако треба пон пак кај матичен ќе отидам. Брисеви правев чисти беа. Не се паничам мислам дека е нормално сепак се е во ред а може и од жешково е денес цела ден имав мачнини и ми покажа вечерва веднаш.