Имам јас. Брисеви имам три пати правено секогаш чисти, уринокултура неколку пати исто чиста. Затоа и не се замарам. Ваљда е нормално. Кога ќе правиш брисеви ќе бидеш сигурна.
И таа е мајка и баба и другата исто. Иста радост за двете, ама МАЈКА си е МАЈКА! Договори се со маж ти и онака незнаеш кога ќе се породиш нели ќе чекаш или болки или водењак да пукне да не доаѓа свекрвата за џабе и да си ги троши деновите кога мајка ти ти е тука поблиску и ќе претрча за почеток ако треба нешто. И самата викаш може и ќе се снајдете сами, па од ко ќе се породиш и дојдеш дома после недела дена нека дојде и свекрва ти да ве види ама нека не се заборава со месеци. Нека поседи недела две и она и доста е. Вака ако ти е она дома дојдена, а мајка ти блиску и двете ќе ти клапнат извини на израз и ќе биде оф мори мајко. Кај мене на почетокот со првото доаѓаа двете, за мене тоа беше хорор искрено. Секоја си има свое размислување што претставува помагањето, а да не зборам дека се јавува и еден мал ,,натпревар,, у стилот на кого трепка вака детево родено пред само три дена, вадење слики од нафталин на кого личи и слично и мене само притисок ми креваа мислам. Кога им рековме од утре се сами ќе правиме си влеговме во штос со мм и ни беше многу полесно. Така да 3 дена гостинско што се рекло и за една и за друга колку ти и маж ти да си го фатите редот
Од повеќе фактори зависи. Колку ви е голем станот? Ке има место да дишиш ти и бебе? Ке имаш простор да си одиш во соба ако ти е така потребно? Ако дојде свекрва ти ке ти готви чисти или ке ти смета? Во смисла ке седи до бебето кое не ни треба да му стоиш над глава затоа што ке спие? Или ке ти средува дома, што е добредојдено. Посебно по царски. Ако дојде колку време ке седи? Ке си оди кога ке примети дека не ви треба или ке си седи додека сака? Не можеш да кажеш никако не смее да дојде, сепак е баба. Не заслужуват сите ама ако заслужува, не е фер да ја спречиш да го види бебе некој краток период. Во странство сте и малку толеранција нема да штети. Ако маж ти е маж и прави се што треба, не ти треба никој. А баби дедовци може да дојдат кога ти ке се соземеш од пораѓај. Плус кога ке оди маж ти на работа може и добро да ти дојде друштво.
Точно дека и едната е баба, и другата, и секако и двете ќе бидат радосни да помагаат. Само понекогаш од што сакаат да помогнат дури и одмагаат И јас кога се породив со првото дете свекрва ми дојде од друг град, да го види нели внучето и секако и да помага, седеше 2 недели што мене ми се гледаа како 2 години Да напоменам имам супер однос со неа, ама што е многу, многу е. Рачунај и хормони после пораѓање ти се до плафон, па уште и две баби, гужви, "совети", може полошо да ти направат. А мислам најбитно е мајката да е смирена и опуштена после пораѓај. Затоа размисли си, секако нека дојдат да видат внуче и да помогнат, ама не со месеци.....
Јас се бричев откако дознав дека сум бремена до 6ти месец, до тогаш можев да си ја видам Се депилирав и еве 6та недела терам само што почнаа да подраснуваат, значи изненадена сум. И пред бременост цело време се депилирав ама 6 недели е многу, кај 8 ке бидам пак за депилација...
Тоа е твоја лична одлука и на маж ти. Има жени што нема кој да им помогне дали царски или природно па и тие се снаоѓаат нели. Така да како мислиш ти дека ке ти биде поубаво така прави, не е исто да ти дојде некој на гости на неколку дена и на неколку месеци. Обично во првите денови не знаеш што со себе а не уште да се занимаваш со непотребни работи. И сама со маж ти ке знаеш да го чуваш бебето, а помош ете би имала од мајка ти, ако затреба. Немам ништо против свекрви, немам свекрва така да не знам, ама мислам дека ако го сфаќаш доаѓањето нејзино како обврска, ке си се снајдеш и со маж ти. Искуство имам со сестра ми, повеќе луѓе со повеќе мислења и само ти прават непотребен притисок. Ти одлучи си, како тебе ке ти е поубаво, сепак ти си мајка.
Добро утро девојки. Од синоќа осекам како да ми држи некој рака на грлото...не ме боли туку како да ке се угушам и цело време подголтнувам...дали е од жешково дали е алергија незнам ама грдо е , сте пиеле нешто за алергија ? Што е дозволено ?
Може да е и алергија, може само гушење да осеќаш од што ти се крева и дијафрагма нагоре... Лекови за алергија се дозволени но само кога навистина има потреба. Јас лично и коа ептен алергијата ми беше пуштена на најјако не земав ништо.
Не ти треба помош, верувај дека сами ќе се снајдете со мм. Повеќе помош ќе ти треба кога ќе почне да лази, да оди па не можеш да го довардиш за да завршиш работа. Јас бев царски, од прв ден дома скроз сами со мм, само што доаѓаа да го видат бебе и толку. Не се осеќав дека ми треба помош, само мм зема одмор 4 дена, и толку беше, после тоа се бев сама, и за домашни обврски и за бебето. Единствено не кревав леген со алишта, мм го земаше отсабајле и го ставаше на место за пружање. Повеќе збунка ќе ти напраат ако имаш гужва, еден вака друг така, главата ќе ти се напраи лудило, а вака, како ќе те поучат во болница, така ќе си тераш. А ако веќе ти треба помош, тогаш барај, ама не со спиење кај вас дома, туку да дојдат на некој саат, да ти помогнат со јадење, алишта итн. Затоа што бебето само ќе спие и ништо друго
@Anturium јас искрено никој не би викала. Со хормони до плафон секој ќе те нервира колку и да има добра намера. Јас од сеа се нервирам што сите ми се блиску и ќе ми доаѓаат секој ден, ама ќе се ваѓам на адети.. не знам како беше само од сабајле се доаѓаше на гости? Така нешто..и таман тие што одат на раб ќе доаѓаат малку поретко За првото си викнав жена што работи во болница,ги бања бебињата...и сл.. ја плаќавме секој ден, една недела, се ме научи. Ни бабини гачки да слушам ,ни ништо. Се таа што ме учеше.
Исто и јас. Сите брисеви чисти(во рок од 9 месеци 3 пати ми се фати микробиолошки да правам) , пап пред бременост во ред, уринокултура кога и да правев чиста. Мислам дека се дури не те пецка и чеша, нормално си е.
Ме изнасмеа Ме охрабривте жени фалаа ви Нека дојде на една недела кога ќе тргне мм на работа, колку да го види бебе. Нема потреба да седи повеќе. Секако првиот месец ќе ни доаѓа бабица 2 пати неделно дома да не учи и за бањање и се, ќе помогне таа околу бебе, а дома мм си го имам за ручек и слично. Мислам ќе се справиме сами
Јас имам цело време, исто и пред да забременам, брисевите секогаш ми биле чисти, сега откако останав сеуште немам правено ама се надевам во ред ќе бидат.
Да не е анксиозност? Прво провери дали е реална физичка болка, па потоа гледај да се зафатена со нешто друго. Јас имав алергии низ бременоста, изразени на пролет. Кај мене се со изразено кучешко кашлање, ми дадоа антихистамин и за два дена се смирував.
Парацетамол смеам да се напијам? Имам чувство како да имам температура, а немам. Цело време мерам , 36 со 5. А чувството ми е како топло во глава, грло ме грепка. Шо да прам, помогнете. И дали да ставам марамче со ракија на грло, дека алкохол?
Зашто да оптеретуваш црн дроб ако немаш реално покачена тт? Стави си крукчиња компир на челото и кај пазувите и влажен пршкир околу врат.