Смееш ама мислам дека немаш потреба. Се пие или за болка или за покачена температура. Ти немаш ништо од ова. Подобро витамини, овошје и многу течности конзумирај и следи ситуација. Земи цеден лимон со мед за грлото, мене тоа најмногу ми помага и ќе те освежи.
А бе цеело време пијам камилица со мед. Ама знаеш она виење на вилица кај забите. Син ми беше еден ден со мрсулчиња и кивкаше по малку. Следно за два дена мене ме фати, а ме држи појако. Туку и тој беше омалаксан ама брзо му помина. Мене досега еден ден. Ми е страв нешто по бебево да не наштети, а стварно само со овие симптими без темп и јас издржувам да не земам парацетамол. Како го земаш лимонот со мед?
Цел лимон можеш и два. И сол мало лажиче стави посолено нека биде. Може ќе ти биде гадно ама помага. Мене не ми е гадно дека сакам кисело и солено
Немам фала што ме помисли. Вчера се мислев да му речам на маж ми да одиме во болница, ама реков ај да пробам со топла вода да се истуширам се напив и еден магнезиум и ме попушти
Денес одлично. И вчера освен исцедокот, ме фатија болки од шетање и викам готово. Легнав, и пак како нова. Еве денес нема исцедок, немам болки, момава прета и на терминот ќе си биди изгледа .
Мило ми е за сите што дотуркавте покрај сите стравови, до термин скоро. Сега период на Лавчиња, ќе биде лавовски Кажете ми ве молам, дали кога организмов се бори со настинка, има некаква штета за плодот? Страв ми е. Сега сркам жешка супа, на жешково. Клин со клин
Охоо јас во текот на цела бременост повеќе сум настината одколку здрава, и плус толку бев настината што морав со антибиотик да се лечам. Еве ништо не ни е
Ќути аман. Господ да нѐ чува. Со убо до крај на бременоста. @Erika.greeneyes Ериче, а бе ова лимон со сол многу вкусно сега уште и да помогне. А и супата како ми легна мх мх, цело литро се насркав. Е многу е жешко, немој сте оделе негде непотребно.
Здраво жени, цела вечер ни минута не спиев од болки, сабајле у Чаир ми направија едно цтг, ме прашаа дали близу живеам и ме пратија дома да си трпам. Болките веќе 12 саати се на 15 минути, ми рекоа да чекам да се скратат на 5-7 и да одам демек. Дали ќе дочекам и кога, ќе видиме
Ми рекоа нема промена од последен наод, уште сум 3цм, а биле со намален персонал поради ковид и одмори затоа не ме задржаа веројатно