Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    8.600
    Пол:
    Женски
    Јас пред бременост бев како бебе без имунитет. Некој настинат јас одма префаќав. Ветре дувнало јас болна.
    Сега бебево ме штити изгледа, ми даде имунитет :D
     
    На kikikikirika, elenaklasik и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. tatjanasakalieva

    tatjanasakalieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    832
    Кои се испитувања следуваат после 25та недела? Знам трет скрининг некаде од 28ма до 33та ...друго?:?:
     
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    На ЦТГ на колку дена одите?
    Вторник сум за брисеви и ехо кај матичен последно, после продолжувам кај што ќе се пораѓам.
    35 недела ќе сум. Кога да закажам ЦТГ и дали пак ехо ќе ми прават тие недели после 36та?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    8.600
    Пол:
    Женски
    Скриен шеќер,д димери и хемостаза,крвна слика и урина секој месец и брисеви во 35.

    Јас на 4 дена одам од прилика. Некогаш ме гледаат на ехо некогаш не.
     
    На Freckles., tatjanasakalieva и kristina.k им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    12.278
    Пол:
    Женски
    Па да. Во бременост бебето може некои ткива да ги обнови кај мајката. Да ѝ даде нови клетки, како беше медицински не знам.
    Јас пак имав ринитис пред некоја недела, ај ок. Вчера една кивавица шо ме фати, мислев пак истото, ама ќе да е настинка.
    @AngelOfArh тоа значи дека ладни облоги на глава не треба, како шо сме праеле за да нѝ се олади глата?
     
    На Erika.greeneyes и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.828
    Секако пиша дека нема тт туку така се осеќа.
    Али фала за инфото, јас знам дека компирите се ставаат на чело, пазуви и доле на глуждовите под чорапи. Да си знам дека нема ефект ако се на челото.
     
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Ова па бебе мирно, мирно сега во последната недела збесна. Еднаш брзо му чука срцето, еднаш бавно, бавно напредува, па му текна во 38+6 да се премести со газот надолу, кај ли најде место не знам. Се влечам по доктори по цели денови, нејќат да ризикуваат ми закажаа царски за среда.

    Може ли некоја што веќе имала царски да ми каже што да спремам, многу изненадно му дојде. Ја исчитав цела тема за царски но пак не ми е јасно.

    - колку време пред и по операција не смееш да јадеш и пиеш?
    - дали треба некои специјални гаќи да купам?
    - од кога да мачкам креми против стрии?
    - од кога се носи појас?
    - дали да мачкам нешто на раната или така да ја оставам да си помине?

    Уште ме исплаши докторката дека бебето после царски може одма да не можело да дише, има ли некоја такво искуство?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bizbiz

    Bizbiz Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Леле зошто не те задржале за пораѓање? Па 3 прста не е малце, плус имаш болки цела вечер.....:(

    И јас треба да се пораѓам во Чаир, бев во четвртокот на цтг и тогаш беше истиот муабет, малку персонал, пола се на одмори, а може има и позитивни па во изолација се....

    Со лесно само!:)(y)
     
    На pikachu2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @kikikikirika јас не јадев цел ден пред царски и сабајлето пред царскиот. Многу течности и треба да се прочистиш пред операција, ама тоа ќе те спремат таму.
    Гаќи со мрежа и вир влошки, даваат сегде мислам во болниците.
    Крема против стрии јас мачкам цела бременост, после царскиот можеш одма дома да се мачкаш дури се собира, нема да ја мачкаш раната секако.
    Појас јас не носев воопшто, некои носат мидер, ќе си прашаш кога ќе ти дозволат зависи од раната, а за мачкање не ја мачкав ништо јас самата целосно избледе. Битно е да е сува, после туширање ќе ја тапкаш со пешкир, да не останува влажна.

    После царски кај мене првото не плачеше одма, се случува со царски или евентуално ако е папочната во моментот на вратче ја отплеткуваат одма и после почнува да плаче. Не се секирај, реагираат одма и да е така.
     
    На Marie86, kikikikirika и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.380
    Допаѓања:
    15.835
    Пол:
    Женски
    Вака сега да почнам од крајот.

    Мене и првото ми е со царски па си дишеше одма, а сега за второво прв пат слушнав од доктор дека децата што се раѓаат природно при излезот доживувале шок и мн брзо се прилагодувале демек сами на дишење, а овие со царски зашто ,,на сила,, се извадени им требало време и можеби ако се прерано родени ќе треба да бидат во инкубатор.

    Ден пред царскиот вајда ќе ти кажат да одиш да се видиш со анестизиолог и он ќе ти објасни што и кога треба да јадеш и да пиеш, ма да пред царски зависи каде, некаде со чепче некаде со клизма и те празнат. После царскиот еден ден сигурно си на течности вода,сок...за да се исчистиш од анестезијата.

    Мрежести гаќи јас не носев минатиот пат, најверојатно нема ни сега незнам.

    Крема за стрии до сега вајда си требала веќе да мачкаш.

    За раната што и како да правиш ќе ти кажат во болница а и за појас можеш таму да се консултираш
     
    На Marie86, Alexandrite и kikikikirika им се допаѓа ова.
  11. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Ова е моето искуство од Чаир.
    Ме примија ден претходно до 20h најкасно јадење од полноќ нема внесување на течности.
    Јас не носев гаќи само вир влошки две пакетчиња потрошив.
    И мислам дека нема потреба од гаќи зошто доагаат да ти ја гледаат влошката па ти додека се соблечеш а првите денови се болни.... Така да немаш потреба од гаќи.
    После царски првото станување е најтешката болка што сум ја осетила ( не верував каква е претходно кога ми раскажуваа) ама тоа е само првото станување секое наредно е полесно и полесно. Јас веќе вториот ден шетав низ ходник и кафе пиев.
    Не се мачка со ништо на раната само после бањање ја сушев со крва да не биде влажна.
    Појас не носам пополека ми се враќа стокамакот во нормала.
    14 дена се поминати од царскиот и се чуствувам одлично како исто како пред да останам трудна.
    Не се плаши воопшто не е страшно.
     
    Последна измена: 23 јули 2022
    На Bizbiz, Marie86, Alexandrite и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Perla*

    Perla* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    И Кумбсов тест доколку си негативна крвна група
     
    На tatjanasakalieva му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    прво цтг во 35 ми направија. Следното за една недела ќе идам во вторник 36++ сум
     
    На Freckles. и kristina.k им се допаѓа ова.
  14. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    22.262
    Пол:
    Женски
    12 сати пред операција ми рекоја да немам јадено и пиено ништо.
    Утрото клизма и пак се прочистив, после царскиот немав јадено 3дена ( дури не се прочистам) за стрии мачкала или не џабе на болница неможиш да мачкаш.
    Појас не носев, не ни можев ме болеше раната.
    За раната ја миев повеќе пати на ден само со вода и чиста крпа да се тапка со стерилна газа ја мачкав јод. После тоа мачкав со кантарион за да биди мека. Толку :)
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theTulipsLover

    theTulipsLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Мила какви и во кој дел ги чувствуваш болките?
    Кај мене пак болки 0, тоа што пишав вчера дека чувствувам не е уствари ништо…
     
    На pikachu2 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srcka28

    Srcka28 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    2.801
    Пол:
    Женски
    Мене прво цтг ми закажаа за во понеделник , тогаш ќе бидам 36+5, едвај чекам :inlove:
     
    На Freckles. и kristina.k им се допаѓа ова.
  17. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    8.600
    Пол:
    Женски
    А беше денес на преглед?
     
  18. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    53.081
    Пол:
    Женски
    Ај пробај земи во нешто топла вода колку што можеш да истрпиш. И когс ќе ти доаѓаат болките нека ти става некој мокра крпа со топла вода на кичма
    Мене тоа мн ми помогна, мислам и брзо се отворив
    8 прста отидов отворена со мали болки.
     
    На pikachu2 и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.394
    Допаѓања:
    260.024
    Да ве поздравам од болница. Таман пишав одлична сум, одам во веце и бришам свежа крв. Не беше исцедок туку баш крв.
    Ме фати страв и дојдов на преглед.
    ЦТГ не е идеално, почнав да се отварам и ме задржаа.
    Ќе ме следат, да не почнат болките и да не се отворам скроз. Царски имав за два дена закажан, па ќе пробаме да издржам, ако не, одиме на итен царски.

    Туку требаше да одам на ручек, на јастог, дека обожавам морска храна, ама испаничив. А може требаше прво да ручам па да дојдам :bandit:
     
    На Kris80, mareane, Bebulleee и 28 други им се допаѓа ова.
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    9.313
    Пол:
    Женски
    Неколку пати веќе се фатам себеси со следниве мисли.
    Искачам од дома ,влагам у градски,одам по улица,цело време си го држам ј прикривам стомакот ,имам страв дека некој намерно или ненамерно ке ме удри по стомак и ке ме повреди...и цело време се пазам...
    Мислам супер е тоа ама па и толку страв и пазење не е океј. .
    Ви се случува?