Значи тт никако не се лади од глава, облоги за главоболка не сум ставала нешто досега, нит да ми се олади главата сум ставала зошто страв ми е па и на јогурт дувам. Јас нажалост овој совет го имам добиено од мајка ми која е медицинско лице но поради лошо искуство да речам на некој начин. На деца тт исто така не се лади низ глава никако, и кога се тушираат главата не се топи. Да не стварам паника, непотребно, само избегавајте да ставате било какви облоги на глава. Е сеа јас нели си патам од низок притисок и тоа со годините ме мачеше, ама денес имам некоја главоболка упорна што не ја трпам и земав да мерам притисок, шок, 140 со 60, после некое време се смири, легнав дремнав 170 со 120, од кај ме задеси овој притисок висок да ми е да знам. Попосле ќе пратам некој по апарат плус да измерам и со друг и ќе видам, може е лажен аларм, ама за секој случај ќе мерам на 1ч да видам, ако е висок ќе одам на лекар. Иначе од симптоми имам главоболка и затнати уши. Кај 11 бев до пазар на 20мин, ама со кола и не се акав многу, не верувам од тоа да ми е.
Со дигитален мереше? Ако е така, можно е да лажно. Можно е од жешково, затоа избегнување што повеќе. Пулсот колку е? А шо може да се деси од ладење глава, еве не викам ептен да е жешка па некоја камен крпа, скраја, ама чисто ме интересира, директ кажи шо би бил ризикот. За деца знам дека со темп само тело се тушира, глава никако.
Прво беа слаби баш како менструални ама брзо ги снемуваше. После почнав да осеќам како струи од кичма према напред со појак интензитет, ама плус како матката да ми е онакво топче што некој го стиска и уств. тогаш почнува болката и траеше на почеток некои 40 сек, сега е подолготрајно, оди до 75-90 сек контракција на 15 минути… @Kate Rina 93 Да ти кажам преска влегов под туш седев 40 мин под топла вода, ме пуштија болки, преспав 1-2 ч. со будење од болките ама пак успеав да одморам за во случај да треба да раѓам да приберам сила. Пак ги имам болките ама сега како да се на 10 минути, ќе видам како ќе бидам до вечер, ако треба пак ќе одам…
Ист муабет денес, како четири сестри земале одмор што ќе правеле, две со ковид, една смртен случај блабла една одмор регулар и веројатно поради ова не ме задржаа, да не фаќам место за недај боже итна родилка
Девојки планирам да се пораѓам во Ремедика кај д-р. Котларова, кај нејзе почнав со подготовка. Арно ама следната недела ми е термин, а она е на одмор. Ми даде број да и ѕвонам ако во меѓувреме тргнам да се пораѓам за да се јави во болница да ме договори кој да ме пораѓа. Па сега си мислам ако ме фатат болки на сред ноќ? Да и ѕвонам ли? Извинете на прашањево ама морав да пишам зашто ми е ептен незгодно, особено што жената си е на одмор А дури и да не беше, еве да речеме се врати кога ќе се пораѓам ама не е на смена, тогаш кој би ме пораѓал, некој рандом што ќе се погоди на работа во тој момент? Или ќе ја издигам од дома? Како одат овие работи, ич не ми е јасно и само си ја тупам главата… Инаку колку пати треба секс со свршување пред да почнам да се отворам?
Немам силни болки, повремени и ме боли долу кај срамната коска. Рекоа ЦТГ не е идеално, што им значеше, не знам.
Јас на докторот со кој бев договорена му ѕвонев...и во текот на ноќта неколку пати на Вибер комунициравме до кај се болките...и се договоривме сабајлето во 7 да одам на болница.
Оти договорот е понеделник. А види очигледно е дека се отварам. Не знам што чекаат, викенд може дека е.
По колку магнезиум пиете дневно јас пијам 2х250, 23+ сум се мислам дека ми е малку а матучниот ми е на одмор незнам дали да ја зголемам дозата
@JuLleE со лесно мила, само смирено, ќе си биде се' во ред. Секако си веќе таму и ќе се олесниш наскоро