@elenaklasik кај 15 недела имав корона па обичен грип. Докторот рече само парацетамол и тоа чист не со мешавини како тилол хот, и во прв тримерстар (иако јас бев втор) само ако мора и најмногу еднаш два пати дневно. Качив температура до 39 рекоа штом е кратко не му штети на плодот. Срам не срам ги пробав сите бабини трикови, и со редење компир ми помина. @JuLleE иста песна сум и јас. ЦТГ де високо де ниско, ме пратија итно во болница и закажаа царски за среда. Прво ништо конкретно не кажаа освен цтг после намалена плодова, мал плод, бебе лошо свртено, се што може. Пиј вода, на многу жени од топлото се пореметува цтг.
Кикиритке, кажи дали да пијам парацетамол. Имам 37 со 2. Вака се трпам. Ставив чорапи со киселина. И како мирисот да ми се губи. Здраво корона по третпат Мене оваа сензација шо ја имам како жешко во главава и омалаксонот ми даваат страв дека и бебето трпи. Инаку темп можда може да се трпи некое време, ако е до кај 37. А избегавам да земам парацетамол цел ден. Ми варира темп, де пониска де до 37.
Овде пак имаше пораѓај со заразена од корона. Многу е пак раширено. Ама мислам дека и бебињата и мајките се добри, природно ги проаѓаат. Јас си крварам, различно од вчера. Чекам следно ЦТГ. Среќа има доволно плодова вода. Гладна сум, ми даваат храна без глутен, ама храната овде е катастрофаи. Мслам на кујната. А јас не сум навикната на нивна храна, па сега чекам да ми донесат.
Цел ден те читам и се да ти пишам ама ај ја веќе хипохпндрик со короната. Направи си еден домашен тест, сркај уште супа посебно онаа со петел на сите им ја препишувам ко доктор да сум , мирувај и течности еден тон. Знам на топлово дека пиеме сите ама ти уште повеќе. Вит Ц и Д3 земај и со лесно ајде ќе помине се
Океј за болка, не реков дека е забранет ама членката реално не ни има температура па за да пие парацетамол, затоа што 37 не е температура.
Мене ми го препорачаа за болки, исто и ибопрофен за кичмата Скроз било безбедно. Со оглед што мојот доктор се што кажа до сега, без дополнителни испитувања, му верувам. Инаку ми зедоа брис, матичниот кажа дека нема потреба и така бидна, негативен е. Штета што е на одмор, ама ок е, не се жалам, истерав бременоста. Жени, ем второ, ем втор царски и пак ми е страв. Башка што добив повеќе вагинални прегледи, и веќе се болни. И осеќам уште ќе ме бркаат.
Не ме сфативте, безбеден е кај трудници, јасно ми е тоа затоа што и мене ми го препорачаа. Само пишав дека не се пррпорачува да се пие ако реално немаш потреба. 37 не е температура за да се пие парацетамол.
Парацетамол е дозволен во бременост. Слободно земај парацетамол и витамин ц насабајле и навечер. Јас зимоска немав температура како што се сеќавам ама ме болеше телото. Земав само витамин ц и парацетамол на сабајле и навечер. А другиве со антибиотик се лечеја нели јас бремена не смеам антибиотик мене најбрзо ми помина грипот. Само еден ден ме болеше телово, друго ништо
Во Германија ми рекоа на 38 да почнам со парацетамол. Јас почнав уште на 37,5 и за жал не ми помогна ама јас бев со корона, при корона не помага тоа ич, кај обичен грип ми помогна парацетамол. Повеќе ми помогна туширање, пиење течности, вода, чорапи со оцет и компир. Тоа и докторот ми го рече да пробам со туширање и компир. И сега ми е мака зошто пиев парацетамол. После тоа исчитав многу студии но во сите пишува парацетамол на долги стази (пример цела недела да пиеш) е штетен. Неколку пати да се напиеш не е ништо. Пробај ти, ако помага пиј, ако не помага нема што да се труеш, оди дирек на лекар. А ако помага на прво пиење ќе осетиш олеснување. За висината на Т тука многу ме изнервираа, ми викаат над 39 се доаѓа во болница, под 39 не, бебето е отпорно.
Не сфаќам, со корона си и ти? Исто, јас кога бев со корона, некаде 16 недела, ми рекоа седи си дома, ништо не му е на бебето.
Ќе те чекаат (ако може) до 38. Те проверуваат да не напредуваш со отварање па веднаш во сала да те внесат. И мене исто ми е многу страв
Ама денес сум точно 38 ма. Ама дека е во понеделник закажано па чекаат. Инаку да, и пак крв зедоа заради анестезијата ако напредувам одма во сала. Уф, значи не се плашам само јас.
Сега не, но имав негде во 15та недела корона а во 13та обичен грип. Исто ми рекоа, ништо не му е на бебето, освен ако качам ептен висока Т над 39 да одам во болница.