Леле луѓе дај Боже сѐ да е во ред, да не му пречи. Де ми е поарно де пак како да ми се вжештува. Ќе потраам без парацетамол, корониште едно да се откорниш, и ќе следам ситуација. Мавнав жив лук да ништи настинка, цедам лимон, ќе сварам пак супа петелова и то е то. Ако оди, скраја повисоко, ќе земам еден парацетамол. Ева ева и моја хипохондрија на максимум.
Мене ми кажаа да пијам тт над 38 степени, се што е помалку не е страшно и е всушност борење на организмот со вирус.
Не сум тестирана. Ќе се обидам до утре да смалам симптоми. Па здравје ќе видам како ќе ми биде, ако не и ќе се тестирам, иако смачено ми е. Вакви настинки од секогаш ме фаќаа и поминуваа. Сега добија име друго.
Ако се сомневаш на ковид, треба да се тестираш за да знаеш на што си. Ти продолжи си да си пиеш течности, супи, да се ладиш ама тестирај си се за да си на чисто и да знаеш што понатаму.
Те фаќале, ама на 40 степени кај ќе настинеш. Остај како се вика, за ковид си има и посебни протоколи, мора да знаеш дали е корона или не. Сепак трудна си.
Не ти е шубе заради другите околку тебе. Јас прв симптом сомнителен во средата вечер (главоболка која траеше долго и чуден притисок на очи) прво се изолирав од домашните. Ноќта качив температура 37-37,5 цел ноќ. Сабајлето мм одма ми брцна тест и не помина ни минута, се покажа втора линија. Бар знаев одма да се изолирам и за среќа еве до сега немаат појавено симптоми. Плус нормално сум во изолација и не се шетам за да ширам. Дополнително добро е да знаеш за да знаат и докторите какви препораки да ти дадат. Не дека е нешто поразлично од другите вирози - течности, овошје, зеленчук, витамини и парацетамол по потреба. Ама правев и крвна слика за да знае и матичната на што сум и да знае што да следиме.
Истата причина зошто и ради деца не смее. Симнав притисок некако со лимонада и одмор, дете ми го свари гравот ми избега ми се скри позади куќа па се изнервирав ептен. Си го исплескав по газот и после ем глава ем душа ме болеше. Ама многу се уплашив. Испив еден парацетамол за главоболката, не се трпеше повеќе. Дремам на лежалка во двор кај свеки, ама сеа ќе варам џем од праски и планирам да вечерам со лепче и путер. Џули пишувај до кај си.
Девојки јас да прашам имам тапа болка доле кај вагината како да ми ја сече некој и ме притиска надоле дали тоа се контракции иначе 37+ сум прва бременост ми е и нз дали е нормално ЦТГ пред некој ден беше уредно а Болкава ја имам на два три саата
Прво син ми имаше мрсулчиња со кивавица, еден ден само траеше. Следниот ден му помина сѐ. За два дена мене исто, кивање и нос течење. Мислев е алергија, ама еве денес ми беше потешко. Утре ќе правам тест. И онака јас меѓу други луѓе не се движам премногу. Скоро ич. А вака при настинка скраја.
Не сум Мк. Си чекам јас, цтг ок беше сега, крвта ја има па ја нема. Џабе лежам да ви кажам, подобро дома да си бев.
Не се будали седи си таму, не си за дома. Се те разбирам, мачно ти е, дете остави дома, ама подобро ти е таму. Обиди се со твојот доктор да издејствуваш да те породи порано и тоа е тоа.
@elenaklasik Јас имав корона околу 14та недела, релативно лесно поминав. Имав блага тт, за која не пиев парацетамол зошто беше ниска, ама имав болка во грло, гради и затнат нос премногу! Покрај препораките, нели за витамини, супи, овошје зеленчук и течности, мене за болката во грло и гради ме спаси чај од кромид Бабин лек ама одличен Вариш кромид со лушпа додека да омекне, претходно измиен убаво, и после ја пиеш водата само, во неа додаваш цел лимон и мед голема лажица. Бојата е кафеава, а вкусот одличен не се приметува дека е кромид А што се однесува до парацетамолот 100% е дозволен во бременост. И со првата бременост и со оваа имав укочена кичма, фатен нерв не можев да мрднам од болка. Матичната ми кажа знам, да земам парацетамол едно до две на ден, +б6 и магнезиум.
На одмор е. Да беше овде, ќе ме породеше оти нема зошто да чекам кога почна процесот кај мене, а треба да сум царски. Ама мислам дека викенд е, млади доктори се што не прават царски и не сум со болки и ќе си чекам. Туку, синко е 8 ипол години, со моите е, татко му е тука, и тетки, абе јас го премислив. Само таму ми е паметот. Во синко. Мислеш бебе оставив.
Ама никој тука не рече дека не е дозволен во бременост, сите кажавме дека е дозволен ама дека не треба да се пие без причина.
, По еден магнезиум директ, ако имам болки, грчеви, стврднувања многу знам и два да се напијам ама многу ретко.
Ќе се умира од препоните... Ќе паднев прееска од парализирачка болка. Страшно. Среќа утре сум на преглед