И сѐ повеќе ќе те болат од тежината, абе секое вртење навечер ми е олимписка дисциплина ми иде сама да се наградам кога ќе успеам да станам или да се свртам
Јас и ти сме исто, термински мислам, менструални болки имам втора или трета недела веќе, па еве ме, лежам, четврти ден и тоа крварам. Синоќа имав некои болки, ама неправилни и ништо. Сакам да ти кажам, не паничи, не се плаши, вистинските мора да се на интервали, ќе ги препознаеш. Не се пораѓа така лесно или јас ја немам таа среќа. Ме чекаат на 15 минути да ми почнат болките, а сум царски. Немој терминот да им се помести.
Да да, точно. Без причина не треба да се пие, се согласувам. Дали се породи? Те примија ли во Чаир? Со лесно!
Se siri matkata, za nekoj den ke se zgolemat bolkite i posle ke si se porodish bar kaj mene bese taka
Второто и третото ми се 13месеци разлика. Телото беше максимално исцрпено и бременоста секако ми беше далеку поразлична и понапорна. Јас се поправив 3кг, но малото ме изненади полна 36та недела, до крај може и некое плус ќе ставев. Претпоставувам освен балансира исхрана без џанк фуд дека и зголемената физичка активност од моја страна беше причина за истото. Јас имав огромни болки, како сечење доле со нож, континуирано парализи…ништо не ми даваа. Исто, нормално дека е, ми велеа.
38+4, ситно бројам. Ужасна трема ме фаќа, за пораѓај, за лежење во болница, за одење дома со бебе... ама прво за пораѓај
Од вчера еве сум со менструални болки, докторот ми рече не се вистинските, тие биле на интервали а мене богами и по пола саат ми траат па ќе пуштат. Утре сум на преглед баш ќе пишам што се променило
Фана, како си денеска девојче? @JuLleE ај бар имаш среќа што имаш датум, ќе ти заврши патњата. Иначе ме читаше и мене. Овде така е… до крај по нивно и тоа е. Ајде се ќе биде добро, малку броиш.
Успеав да поспијам ноќеска, денес почесто осеќам затегања во делот на матката, а болки пример во пола саат еднаш ама до умирачка. Едвај чекам да видам на преглед што ќе кажат утре. Фала што ме помисли @Bizbiz вчера не појдов пак, иако до 21ч. имав постојано болки. Ако не се скрати интервалот решив да бидам трпелива до утре, некако ич не ми се оди и пак да ми речат оди дома чекај, не знам како да постапам повеќе се осеќам како да замарам некого.
После вчерашниот ден со притисок еднаш и 170/120 измерен, денес нормален ама со главоболка. Со страв испив кафе и еве ме кукурек, ништо не ми е, ми помина и главоболката и се а од сабајле неосвестена до пред саат време бев. Сега по жешкото ќе се работи, среќа па ко да се заоблени малку, ко да дуфка малку, се трпи. Ќе се дише денес или дека јас се ококорив така ми личи. Да не ве редам сите што треба да раѓање деновиве, јавувајте се на каса како сте?