Кај мене дека успсно, ми рекоа да бројам, морало минимум 10 удари на ден. Значи десет пати да го осетеш бебето.
Јас го осеќам ама сите движења ми се болни,дури и кога полекаседвижи низ стомак пак ме боли,не памтам дека така ме болело во предходните бремености.И цел стомак ми се стврднува како камен, и некогаш моментално ми се моча,или паосеќам како притисок во вагината и крстот.Следнавс недела сум на контрола ке прашам и ке примам инекции за зреење.
И кај мене е поспоро. Не дека го нема ама со оглед на тоа што во 5 сабајле беше ко пропелер, а сега ми е гурни ме да кинисам, препишувам на топлото време. Се надевам дека и они осеќаат топло и тешко време па се успорени. Ако земам сеа и за тоа да паничам ќе пукнам
Добра сум, ми помина. Ја прашав сестрата кај гинекологот, ѝ пишав на вибер и тек сабајле ми врати. Штом немам веќе температура, немало потреба да се тестирам. Така рече.
10 пати во 1саат одкако ке почнеш да мериш,почнуваш да броиш кога ке го осетиш дамрдне и гледаш колку движење ке направи за саат време,ако се помалку од 10 сеодина лекар.
Осеќам 10 за брзо време, баш гледав сега на апликацијата во неколку минути, само што се бавни движењата. Еве го ика сега.. Со лесно да ти е тебе, за брзо време ќе се гушкате, се ќе е во ред. @macalavica веројатно се лажни контракции ко ќе ти се стврднува стомакот. @V.N. може дека сме ние вакви па и тие осеќаат. Едвај дишам денес и тоа под клима од сабајле.
И јас мислев така, ама треба да се брои од како ке го осетиш, и да има мин 10 движења макар и минимални во 1 саат.
Да се пријавам и јас паничарка. Ноќта со лажни болки бев ама не беа минимални, добро не беа ни многу јаки. Се будев повеќе пати во текот на ноќта и имав болки. Расположението на нула. Знам дека се лажни ама пак паничам. Сабајле кај 8 се истуширав со топла вода ми се смирија и сум заспала. Кај 10 пак станав минимални болки. Цел ден жешко лошо мачно без воздух, не издржа срце јуначко бев на цтг. Цтгто мирно, барем сега и јас сум помирна. Иначе за движењето на бебето нормално е веќе во 9ти немаат многу простор за мрдање а и повеќе спијат. Некогаш го нема неколку часа си спие, обично кога е потопло е помирно. Навечер е поактивно, сигурно и нив им смета топлото. Денеска и на цтг не беше успано за чудо.
Девојки...20+5 сум. Неделава го осекав секој ден ама денес и вчера многуу малку...денес мислам воопшто не...дали е нормално во овие недели да не го осеќам нонстоп да мрда зашо се паничам?!
Јас пак притисокот го качив... почнав да се плашам. 160 ми е горниот, многу некако... ќе мерам пак сега, може и грешка е. Вечер ќе појдам кај комшика она има апарат ќе споредиме, може не ми чини апаратот. Сега немам главоболка ама имам страв. Додуша ручекот беше така посолен, ама не нешто многу, сега ќе цедиме пак лимуни... у пм. Со што симнувате притисок освен со лимон?
@Mari-Li @V.N. Мене баш ми семосетливи последните неколку дена, пред некоја ноќ сум заспала и сум ја притиснала едната па не да ме болеше. А колострум сеуште ми нема потечено, ама па ги неам ни стискано зашто ми е страв да ги дразнам. Иначе и моето е успано денес. Си претка, ама не нешто претерано. Ваљда од топлото, или па дека е викенд, обично тогаш е поуспиено.
Нормално е да и јас бев така 21 22 недека скоро ич не го осеќав а од 18 беше баш активно сега е пак активно
Не знам дали мене дека викенд ме фати ама додека лежев живо пиле не помина по собите, чаршав никој не смени ни спаваќа. Дури и бебето заборавиле да ми го донесат првиот ден, немале персонал наводно, а јас се исплашив да не му е нешто. Иначе храната е стално ужас, уште на патологија кога лежев ептен за нигде.
И јас баш во тие недели се случуваше некои денови да не го осетам воопшто, а некое да го осеќам премногу. Баш тогаш бев на преглед и кога прашав докторката рече нормално е, и на ехо си преташе, а јас не осеќав ништо
@AngelOfArh мери со обичен неколку дена со ред. Јас со дигитален се испаничив на почеток, 150 со 80 измерив, а цел живот со низок притисок сум. После мерев со обичен од старите и еве до сега нонстоп ми е 100 со 70, и ко ќе сум имала главоболки уште понизок. Дури мерам ако имам страв одма повисоко покажува дигиталниот.
@AngelOfArh не е лошо да отидеш на матична и да ти средат холтер да носиш 24 часа. Сега во лето нормално е притисокот да се намалува. Ако има потреба од терапија, ќе си покаже на холтерот. А подобро е на време да си видиш.
Јас да си се пофалам, бебуш си го најде патот како треба да се постави при крај. Да бидам искрена, што се не му зборев и ветив ако се сврти. Сега за сега го избегнувам успешно царскиот, се надевам природно ќе се породам. Вчера и за прв пат ме разбуди од спиење касно вечерта. Лупаше, бушеше и на крај зема да ика. Викам да читам на гугл зошто такви движења навечер, што му е, нормално нели мора се да се прочита. Значи ако забележите навечер да е посебно активно, тоа значело дека нема кој да го љуљка, мируваме. Преку ден, преку движење и активност, полесно им било да заспијат. Сум зела во сред ноќ да го думкам стомакот и стварно за чудо заспа. Уште неродено, си бара некој да го нишка. Ме спрема за неспиење