Па реално 20та недела и неможе којзнае колку да го осеќаш уште е многу мало 300-400гр. Понатаму ќе ти бидат поинтензивни ударите.
За девојчињата што бројат удари. 10 удари во еден час треба да има. Не за цел ден. @AngelOfArh висок е многу. Мораш да го мериш секој ден.
Се жалите на храна, овде е богата, здрава ваљда ама видете комбинација. Пире со ќофте, а ќофтето само месо има, кисел морков, корнфлекс и млеко. Луѓе од веце не сум излезена Еве зошто се слаби, кога јадат незачинета храна со чудни комбинации. Сабајле појадокот бешњ путер, мед и јогурт. Плус кафе и круша. Ова место клизма пред пораѓај
Леле сега и јас се збунив со удариве..... Во четвртокот бев на цтг и го повторував 3 пати, со литро кока кола, и ми кажаа успано било, важно на крај ок беше. Но ми кажаа да гледам да има 10тина движења во текот на цел ден....не во еден час. И баш тоа гледам да има 10тина движења. Со тоа што ја сум 39+4, и не се баш удари клоцања, туку повеќе превртувања и стомакот ми се испакнува на една страна па на друга..... Што знам.... кога ќе го фати паника човек, ко за беља не мрднува
Сепак било грешка. 106/52 измерив еве мерам на 1ч и тука се движи. Мислам дека овие се многу сензитивни и мрднеш ли одма качуваат, а мене и чудно ми беше раката поставена, затоа ваљда. Точен е, го проверив со рачен обичен. А и како да ни биде бе жени, видете го времево какво е, никакво, атмосферскиот притисок си работи ние не го осеќаме секогаш. Што се однесува до други болкички, такви нервози немам, сем главата вчера што ме скина. Го осеќам веќе почесто дека мртка, ама нежничко, околу папокот некаде. Четврток ќе видиме како е. Офишл е, утре продолжуваат мерките за трудни и хронични па ќе се седи дома.
Една недела со јаки болки. Дома дојдов пиев парацетамол уште некој ден. После 2 недели еве подобра сум, ко човек одам.
Мене после пораѓај во недела ме испуштаа, немаше кој отпусно писмо да однесе на шалтер. Седев облечена спремна саат време чекав во соба Персоналот кај родилните сали ми се погоди супер, тие после сестрите некако крш.
Кога мериш со дигитален, внимавај. Прво седни на стол убаво, исправено со нозете долу на земја поставени. Стабилизирај се минута две, па потоа мери.
Дали ви се болни движењата на бебето? Особено во долниот дел. Знам таму главата му е и по икањето таму го осеќам. Ама кога ќе почне да мрда таму доле многу болно ми е како бодежи, мислиш готово се пораѓам.
@Erika.greeneyes мене знае некое движење баш да ме здоболи доле ниско. Не знам каде ме притиска со глава ама скроз доле ме здоболува. Исто болни ми се движењата кога ми ја оптегнува кожата кај што имам една огромна стрија. Како громче е распукана и баш ме боли.
Првото и второто се природно. Третото беше цело време карлично, но со газето доле. Рекоа не е проблем за повторно да биде природно. Кога пукна водењак и заминав на болница видоа дека сеуште е карлично, но во последен момент се свртило, со коленото на отвор. Рекоа има разлика од карлично до карлично. Со газето доле не е проблем природно, но со коленото на отвор препорака е царски и завршив на итен царски. Сега се решив повторно на природно, ќе има скоро 5год од царскиот, па ќе видиме.
Мене еве сега пред малку икаше. И сега почна да се движи. И доле кај препониве како струја на моменти одвај се движам. И многу ме боли стомаков ваљда од движењава е не знам ни сама више. Се чудам сите цтг мирни ни лажни контракции нема а јас си осеќам болки. Зошто ги имам овие болки? Дали како што велат матката се спрема ...
Струјата во препоните ме полудува ако немам за што да се фатам дефинитивно ќе паднам. И имам приметено дека менструални имам ако се раздвижам, кога лежам не. Се припрема телото, веројатно.
Се осеќам дебилно по не знам кој пат кога ќе им кажам на докторите дека си имам болки. А нивниот одговор е секогаш скроз мирни ти се цтг немаш дури ни лажни. Како да им докажам дека си трпам болки, не биле за раѓање тие. Па мене ако ме болат овие вака, тие вистинските што ќе биде.