Ама не се страшни тие болки, плус ние со еден царски веќе ги имаме поболни и почесто. Ова не знам колку пати ми го спомна докторот. Јас кога се движев имав поголеми болки, и плус од кичмата. И си трпам, без апче. Колку и да се безбедни, не би, ќе си трпам. Мене станувањето ми е хорор. Ме боли кај срамната коска. Дознав кој ќе ме оперира. Топ докторки, искусни, на ниво со мојот матичен. Малку сум помирна, ама малку.
Господ и сестрите на Гак (тие што ќе раѓаат на Гак) оти искрено сестрите на Гак се најважна карика, тие ако решат да ти го уништат најважното во животот, џабе е и Господ да се симне да им рече нешто.
Притисок 92/73. Не е многу блиско тоа? Се осеќам зашеметено, што би требало да правам? Иначе примам метилдопа еднаш сабајле.
Како да си направам клизма сама? Каква да земам од аптека освен микроклизмите? За првото имав такви за ништо не ги биваше
Мене често ми се приближуваа пост ковид, најбрзо ми го регулира јогурт со лажица сол. Гадно е ама за 5мин ќе си подобро ☺️
Знаеш дека цел ден тоа го мислам. За првото земав чепчиња дулколакс и така си се испразнив па во болница не ни ставив. Ама да ме утепаш за колку време делуваа незнам да ти кажам. Се мислам сега пак да земам ма да во систина изгледа клизмата не ми бега
Ко што читам во темата за царски во секоја болница различни препораки имаат. Јас во Плодност ко се пораѓав ми даде анестезиологот листа за подготовка и многу беше строго, среда имав само течна и лесна храна, четврток ништо, петок на ден на пораѓај ништо, а храна добив дури во недела за ручек. Ќе ти кажат таму веројатно, т.е нема да добиеш храна и ќе те прочистат.
@Bebulleee не сакам таму @JuLleE последно јадење во 18 часот, после тоа само бистар сок. Следниот ден сабајлето се породив во 9 и нешто. Не знам дали можам сама ама ќе морам сама клизма да направам
Жени мене ме фаќа паника од се. Од царски од природно од епидурал. Не размислував на ова порано - сега сум скроз во паника.
Јадев сабајлето, во 2 ме сечеа. Никој не ми кажа дека не смеам да јадам, ја прашав докторката што ме оперираше дали е некаков проблем тоа што сум јадела, ми рече не.
Не си сама друшкее, како се ближи времето не да ме фаќа паника... посебно дека сакам да се пораѓам во Плодност а живеам мн далеку од Битола