I mene koga mi e dadoa vtoroto apce za provikacija imav ogmroni bolki mi vika ctg e mirno a istite bolki so prva provokacija se otvoriv 4cm tamu ctg ludilo e so vtoroto ne se tie i ostanav so ta dilema veke
Итно беше или на закажан? Пред секоја закажана операција не смее да се јаде некој одреден период и има причина зошто е така. Па и на ветеринар ко бевме со мачето на операција ме врати за нареден ден зошто имаше јадено. Освен ко ќе е итно, тогаш оперираат секако.
Не дека беше итно, ама го сметаа како итен царски (ради нивна немарливост). Мене ми беше кажано претходниот ден дека ќе ме оперираат, али никој не ми даде насоки дека треба да бидам гладна.
Мене ова докторот ми го спомна, вечерта после полноќ да не јадам, и вода по потреба. Сестра ми потврди. Зо првото дека јадев и тоа зрно пченка мораше да чекаме. Не се јаде неколку часа.
Кога почнавте со мачкање брадавици? Многу чешаат, може да помогне ако ги мачкам? Додуша сега се нашлапав уље за стрии по цело тело дека немав некој лосион, а ми е да не почнам да се лупам имам 2 блиски свадби за 2 недели и ко да ми се смири чешањето. Да си земам од истава колекција и за брадавица, само да не е прерано. Ова за стрии од ДМ на Балеа е топ, многу убаво ја хидрира кожата.
Што користиш за стрии и како си задоволна? Јас имам премногу на нозете и стомакот од првата бременост мачкав уље на еуцерин и павловичева но не ми помогнаа баш.
И со првото и сега, на Балкан земав, ефтино беше. Со првото мачкав путер, ама сега дека е жешко земав уље, полесно е.
Јас мн. често имав дијареа. Ако ти трае може е стомачен вирус, земи електорлити да имаш дома, на ова топло и потење не ти треба и дијареа да те докусури
Јас пред да родам дента имав дијареа. Мислев од тоа имам болки уствари. Пиј течности, електролит, кока кола, да те смири земи нешто и чувај се. Да не си претерала со Магнезиум, јас а се напијам 2 во денот и толку, од шоља не станувам.
Баш пбие денови реков не пијам магнезиум, намалив скроз, само пренаталните сега ќе земам вода, не е страшно еднаш бев до сега, ќе бидиме до сабајле како ќе биде, убаво јадев деновива кај моите сум баш сум внимателна. Леле ако раѓам до утре да се издржи, ми се враќа докторката утре, со Господ напред за све, сма некако рано ми е и пд тоа ми е стра
Ја читав темава и претходно, ама не се сеќавам дека имало волку паничарки како нас сега што треба да раѓаме за недела - две. Темава празна ќе биде без нас, ќе нема кој да кука секој ден
Јас и ти најмногу паничиме и тебе ти е прво? Ти дијареа, јас со болки сум и страшно ме нервираат сакам да ги немам. Не знам кои се кои и како да ги препознаам. Смотана сум.
Јас веќе неколку дена имам дијареа, па нормална столица, пак дијареа, а денес плус и гасови. Се мислам на шољата ќе ја родам. Па и хранава ме дотепа овде.
Прво ми е и искрено многу по блажено го замислував процесов се надевам дека нема да паѓам у транс после кога ќе раскажувам дека се е совршено, оно братче секоја коска боли све се плашиш… мене ми велеа најубав период у живот )))) Ја панични напди имам последниов месец од мисливе
Да така пишува на гугл дијареа па обична столица и зголемен секрет, јас зголемен секрет имам три дена, бел без крв или нешто така зеленксто, сега дијареа и паника
Јас добро ја терав бременоста до сега не можам да се пожалам и доста активна бев. Само првите три месеци ми беа ужас, кога ми текнува ми се плаче. Е сега веќе гледам дека бројам ситно и секоја болка ја анализирам. Додека се породам ќе скренам.