И да знаеш! Истово беше и во темата мачнини кога бев во прво тромесечие. Толку кукав, не само јас и неколку други членки дежурни бевме во темата. Дојде ред ни поминаа мачнините, темата се запусти Сега овде паничиме и кукаме, нема проблем после во мајчински ќе се префрлиме
И уште не сум породена. Така да, имате време. @fana јас и ти на крај не фати паниката знаеш. Ај уште малку
Вчера заглавив 12 сати на пат во 36та недела. Добра сум, мрдам и дишам. Болки имам сегде ама кога лежам уште толку. Денес сум на плажа, уште вежбам кардио, јога правам и се надевам до крај вака ќе истерам. Секако уште 2-3 недели се. Од следна недела сум у сигурна зона, така да ич не му ја мислам. Ако сега се затворам дома и си ја убијам психата, што ми останува после кога ќе се породам.
Со колешка пред некој ден за истово зборувавме. Таа пак е бремена и царски ќе е, ми вика сега повеќе ми е страв дека знам што ме чека. Со прво слушаш претпоставуваш ама не знаеш.
Да. Ама мислам дека премногу ни влијаат и горештините. Мене барем значи настрана болките никако не ми е погодено ни да лежам ни да седам ни да стојам од кожа ми иде да избегам
И јас да си се пожалам може ќе ми олесни Како влегов во 8 ми секој ден борба се нешто ме боли, посебно навечер станувам од спиење и одма таа една глупа болка под десен јајник над препонот, ме клука ме горе мислам, што болка е тоа не ми е јасно. Гледам никој се нема пожалано од тоа. И стомакот два дена е неподнослив цврст камен е, кога се вртам у кревет ме штипе боле од што е цврст. Има ли некој со слични болки или изрод сум
Ne nikako troev ogromni bolki 2 dena a ostanav tolku, posle veke bebeto bese skros dolu doktorot rece be mozeme da cekame poveke nikako i ti se macis i bebeto veke rece se macit i zavrsiv carski… a da mislis 4 meseci kezev za toj pust cerviks ama ete..
Ми рекоа барем 8 часа да се поминати од последен оброк. Утрото во 7 ипол доручкав, ручекот на пладне во 12-1 го прескокнав, во 5 се породив. Вечера ми донесоа одма после саат, ама ништо не ми се ставаше во уста тогаш. Храната овде е претерано зачинета па дури и болничката. Со лесно
Стварно еј Него дали завршивте со шопинг за бебушите? Какви попусти има сега, а од друга страна не ми се трупа облека. Козметика што земавте?
Јас пред 2 години од ова ставив едно. На мм тоа му дадоа во аптека. Заврши работа. Види пробај од ова. Мене ич ама ич не ми е страв од породување ако верувате. Повеќе страв ми е, дали е се во ред со бебето, дали ќе изгураме до крај и такви глупости. Пораѓајот некако ми се гледа ко најлесен..може дека лесно поминав првиот пат. Е сега што се плашам да не ме сечат долу, се плашааам. Тоа многу ме болеше @JuLleE Денес е денот? Со лесно
Јас утре после преглед планирам до ваикики да одам да купам Се решив за почеток од се по 5. 5 боди,шпихозни,чорапи,лигавчиња,боди по долги и 2 пара хулахопки,не ги облекувам ,туку да ми се најдат. Плус од ќере ќе видам да извадам нешто ,50ки немам нејзини многу, се беше големо не знаев дека мало бебе ќе родам. Сите 50ки ќе ги земам,56ки мислам големи ќе се. И за козметика исто со ќере ќе користат. Мустела шампон и биодерма купка. Само памперс што ќе треба да купам и тоа е тоа
Јас си викам досега со болки сум на чисто, не ме мачат, ама ова ме чека да влезам таму 7ми, 8ми, на крај да распукаат ко петарди. Не се сеќирајте нема без кукачки да остане темава. Мене мислам најголема мака ми е мочањето по 350 пати навечер, мочам ко фонтана нон стоп, цела вечер. Таман си заспал си се наместил мочниот меур те вика...
Повремено ме боли левата нога, ама по должина на целиот бут. Претпоставувам дека бебчо притиска во кичма, па го осеќам на нога тоа. Искрено мислев дека пострашно ќе е со болки во кичма, со оглед на тоа што си имам претходно проблем. Исто како приметувате колку ви се спуштило бебето? Меме уште од минатата недела ми рече дека доле ептен ниско го носам и дали ми смета и јас целата ???? Па си мислев нормално е. Мада рече дека може пак да се качи нагоре. @JuLleE со лесно нека е мила. Јас се земав на бејби лов и алверде. Ако не му одговара јас ќе си користам. Едит: сликче, некој искуства?
Ќе видам, имам млеко за тело на бидерма, за ќере го зедов. Не ја мачкам, не сака . Искрено јас сум против користење многу козметика на мало бебе.. ќе видам како ќе биде, дали ќе има потреба да ја мачкам.
Мешиња добро утро. Јас да се пожалам околу спиењето, никако да се наместам, на грб неможам да дишам, на страна спијам претежно на лева ама некако како полу на стомак, се будам ноќе и ме боли стомакот, како да лежам на пола стомак кога сум на страна, ке се наместам на страна нагоре на кичмата да лежам странично и тоа е додека заспијам, после некое време се будам странично ама скоро на стомак потпрена, и во перница за трудници спијам и пак џабе. Иначе вчера цел ден имав болни движења на бебето низ стомак и стврднувања, ама вчера и цел ден бев нервозна, мислам дека дефинитивно од стрес и од нервоза ми се стега стомакот, а и некој главоболка, ваљда од времето, еве утрово се поблаги некако движењата на бебето.Јули пројде скоро, уште Август да го истуркам