Се движиш така? Во исправена положба подобро можда да си. Јас во болница, некој сат пред раѓање, бев станата и потклекнував со нозете за да се отворам побрзо, сакав станата да раѓам, легната тешко ми беше.
Зависи од ситуација, од докторот можда.... Мене со првото првпат ме проверија вагинално кога отидов да се пораѓам, значи скроз на крај. А сега со ова ме провериле до сега 3 пати, во 36та, 37ма, 38ма....
А дали ако бебето е големо по килажа и понапредно има шанса да се роди порано? Еве на пример кај мене последна мен ми беше 16 дек, а термин ми сметат сега 2 септември. Јас сум потполно збунета оти незнам која недела да се водам сега.
Значи ептен го тупат у чаир со тоа да чекаш до термин само да те малтретираат јас тогаш исто како тебе бев пред да се породам плус и бев на моменти со висок притисок и болки и 4 дена пред да се породам на цтг ми беше висок притисокот па ме задржаа па сакаше таа една да ме пушти ама докторов што ме водеше го замолив да не ме пуштаат да пробаме со провокација бидејќи три недели седев 3 прсти отворена а грлото тврдо и ми рече дека можно е и да не се доотворам ми ставија три провокации и од тие се отворив само уште три прсти и на толку останав ми го пукнаа водењакот ама не ме фатија болки а три дена бев без јадење и без вода и на крај царски завршив по договор со докторот да не се мачам пошто мислам дека ќе им приумрев ако трпев уште малку така да замоли ги таму да не те мачат веќе да те примат вака само се малтретираш плус и си имаш болки.
Јас мислам дека има шанси. Кога бев последно на преглед, гинеколог ми кажа дека плодот е за неколку дена понапред, ми сметаше како една недела плус да сум. И дума дума дума, го прашувам како ќе сметате сега, и после испадна, колку шо читав добро од ливчето, дека ми ја поместил менструацијата понапред, за да може компјутерски датумот на раѓање да дојде порано. А тек сум нецела 10та недела. Којзнае зошто така сметаше.
Ај и јас со маките мои да си ги кажам Мислам дека малиот има коксаки вирус, се нафрла внатре во устата, и малку на дланките и стапалата, утре ќе го носам на лекар да видиме за сигурно. Сте имале вакво искуство? Колку е опасно за мене и бебето во меше? 34 недела сум
@Kate Rina 93 и внука ми и син ми јавија опасен осип од Кан бебе, не се парфимирани ама кога ќе се наполнеа смрдеа ужасно. Мене па Бејби лав ми беа ок. Искрено најмека пелена ми беше Слипи, ама многу му пропуштаа. Убедливо водство за тврдина имаа Бекутан, картон. А оти одите толку често на прегледи, па и на сам крај, јас на 4 недели одам и тоа ми е пречесто. Не дека не го мислам, го мислам, особено сега кога не мрда толку активно да знам дека е се ок, ама па и ехо на 2 недели ми е шубе. Многу сум смешна пред преглед на кревет легната и се молам, аман заман Господе се да е во ред, ветувам свеќи најголеми во црква, си зборам сама со себе во мисли, се препотувам... ама пак не ми дава душа да одам на секое едно на лекар, особено сега во ковидот, некни кога за тој притисок ме отидов, си викам што чоек сум од камен...
Jaс сум со надминат термин, од вчера почнаа почести стегања и болки во половина, и на цтг ги покажува ама ептеен слаби. Не сум отворена уште, грлото е меко и скратено, преден зид на матка истенчен. Некако тешко иде процесот. Не знам дали би ме примиле во Чаир со ваков наод, не живеам блиску до СК за да тргам…
Девојки денес ми почна дијареја, и пишав на докторката ми рече направи пцр тест а јас од утре сум 37 недела, многу се плашам ако сум позитивна нема да ме примат во систина за пораѓај. Дали знаете ако тестот е позитивен (и ако добра сум ниту температура ниту грло ме боли) па ако се повторува после некој ден и е негативен дали ке ме примст во систина?
Не. Ако си позитивна раѓаш само во гак. Дури и да е негативен повторениот тест податоците од првиот тест пратени се во ијз.
Ти треба негативен пцр тест. Ако прелегаш пред да треба да се тестираш официјално 72 часа пред хоспитализација, не гледам зашто не би те примиле.