Честитки, да е живо и здраво! Ние сме ептен блиску, јас сум 39+5. Многу се жалат на гужвите во Чаир, намален им е персоналот. Само тоа се мислам што ќе правам, како ќе правам.... Со првото отидов со болки и 2 прста отворена, ме примија без проблем. Ама сега како тргнало сите ги враќаат дома да трпат болки Испаѓа само со пукнат водењак примаат.....
@Bebetoo честитки мама, жив и здрав да е, голем да расне и многу да ве радува! Околу папочната врвца - нели се гледа позицијата на ехо?
Абе од една страна може и оправдано, пандемија, гужви, малку персонал па да ги заштитат родилките. Од друга страна за нас ептен е малтертирање, денес имаше две со 2-3 дена поминат термин што ги вратија да чекаат болки, а отворени по 1-2 цм што е коректно да си ги примат и породат ако сакаат и можат… ајде уште малку, искрено спремна сум и пон. да ми смислат нешто. @jelo се препорачува и први месеци после пораѓај да се пијат, јас барем до Септември сум во план да ги пијам, превентивно за да не ми почне паѓање на коса и кршење на нокти поради недостаток витамини. После на Мерц сакам да се префрлам
Честитки, да е жив и здрав Денес имаме една мома и едно момче Фала ви мешиња на честитките, сите што побрзо да се олесните. Бебка спиеше до мене, ја ставивме на града, одма фати Туку да си прашам, ме болат градите, грбот, баш кога ќе се издишам, болката некогаш иде од кај желудникот. Од лежење и од глад може ли да биде ова? Или да ги прашувам бабиците, што мака видоа со мене, само се жалам И само ме прашуваат, зарем не ти е второ Што си има врска, секако боли, башка сум заборавила, тоа пред 9 години речиси беше