Честиткии мајка. Живо и здраво да е бебчетo Побрзо опоравување мајка Јас пред 2 години 2 прста отворена недела ипол си шетав на секои 2 дена на цтг, во друг град . Тогаш се нервирав, ама баш лесно си поминав и мило ми е што не ме послуша докторот, туку чекаше да ме фатат болки сами од себе и да се породам природно. Ептен лесно поминав. Во тетово се пораѓав во државна.
Имам заборавено која бременост беше, ама имаше толку гужва во ходникот, сите бевме на подвижните кревети наредени. Проверуваа во ходник кој колку е отворен за да го внесат внатре, другите продолжуваа да чекаат
Што е со ова топлово. Како поминавте денес? Сабајле кога станав а исто и сега бев задремала малку, кога станав цела вода ама буквално. Алиштата водени,вратот позади кај косата, главата каде што сум лежела, перницата, чаршавот каде што лежев. Ужас. Седам и се потам климава дува ме поду, не знам што ќе се прави вака ...
Само што отворив да прашам само мене ли ми е прежешко. Значи седам и не мрдам, а сум целата вода. Значи веѓите ми се знојат
Претопло и претешко е денес , јас излегов до кеј да прошетам, мислев некое ветре ма какво ветре , скував .
Јас и со отворен прозор спијам навечер. Од климава и мене носот знае да ми се затне. Да не ми се затне само сега, деновиве треба ковид тест да правам и искрено цело време го мислам.
Ајдеее сега климите се на ред Дали кашлате од климата? И јас се нервирам глава ме фрка, ми се суши грло, кашлам, а гледам што е можно помалце да ја пуштам. Од дома не излагам, дури ни кај моите не одам од што се пазам што вика @Erika.greeneyes сега да не закачам нешто. Пред 2 месеци прележав ковид, вајда беше овој сој што врти сега ама пустиов страв ќе ме убие
@Erika.greeneyes и мене многу ми е страв, само на тоа мислам Денес најмногу имаше позитивни. @V.N. мене носот ми се затнува само, од сув воздух. Јас не можам да се пазам, малиот е цел ден надвор, мм со многу луѓе работи, навечер со комшиите се дружат, некогаш одам и јас и така само се молам да не сум толку малер. Не верувам дека е можно толку рано пак да се заразиш, не се секирај.
И јас сум нон стоп дома не се мешам меѓу луѓе баш ради таа причина, не само кпвид сега на лето има секакви вируси. Абе јас вака ништо немам. Не кашлам да одговорам на твоето прашање. Ама паничам на маж му велам гледав вести секој втор направен тест бил позитивен му велам ете и мене ќе ме направат позитивна. Некако немам доверба во ковид тестовиве. Од искуства од мое блиско опкружување.
Мене во Чаир ми рекоа до 2 недели после термин ќе чекаме. Се породив 41+2 така да не мора да значи дека ќе ја примаат. И јас не сум од скопје патував секој втор ден за цтг
Денешнта бројка е за 3 дена. Не дека е сјајна и таа, плус колку има што не се влезени во статистика. Таман се понадевав дека ќе го прескокне мали, денес 6 ден откако бевме последно во контакт јас и он (без маски, додуша и со маска откако имав позитивен тест на пола минута максимум излагав од соба колку до тоалет или вода да си земам), попладнево се пожали на главоболка. Никогаш во живот немал главоболка, ама сега баш си кажуваше дека го боли. И еве го саат време подоцна температура 38. Извадив маска и се префрлив со дете да го гушкам и лечам во спална. Бар да знаев ич немаше да седам одделена од него 5 дена. А само ми викаше, мамо да те гушнам. На цела мака прееска како ми се смешкаше дека сме се гушкале. Незнам дал има поента воопшто да го малтретирам да го тестирам. Нема што друго да е. И мене така ми почна со главоболка, па кренав температура. Топлово не сум излегла надвор, ама дома мислам преку ѕидови ме пржи. А што убаво подзаврна синојка, мислев бар малку ќе освежи, тоа денес полошо од сите претходни денови.
@Ano само наслови читам јас од страв, мислев за денес е. Со помин да ви е на двајцата, што побрзо да оздрави малиот. Мојот помина во првите бранови, генерално лесно поминуваат децата, само дијареа долго имаше. За некој ден ќе сте ко нови.