@elenaklasik јас бев на ЕКГ пред 5 дена, мене ми прескокнува. После и кај матичната бев, најмногу од дијафрагмата ми рече, притиска нагоре.
Јас кога бев последен пат на контрола рече дека прва половина од Август ке биде на одмор, да закажам контрола после 15.08,така и имаше термини и си закажав.
Аха, ама ти си во поодмината бременост, има логика. Во ред ти е? А јас 10та недела? Туку, јас правев екг и ехо на тироидна во април, ок беа. Не е голем период поминат, ама скраја лошото не прашува. И дај бе кажете херпес на уста дали има штета по плодот? Да ја тргнам бар таа фикција.
Јас имав херпес некаде во 28/29 недела Фала богу никој ништо ми нема речено дека има некоја промена кај плодот
Не е тргнат. Којзнае и кога ќе тргне, човекот лежеше на инфективна и не знам дали воопшто го имаат пуштено на домашно лекување, ако има некоја инфо нека пише тука да знаеме.
@elenaklasik да, 9ти сум скоро ама си имам тахикардија и прескоци и од пред бременост. Сега се зачестени. Направи си да не ти е мисла, не верувам да е нешто.
Ви благодариме женски, ви посакувам на сите таков лесен пораѓај, ајде да си се олесните и ве чекам во другите теми за бебе
Еве дојдов кај матичната, ми измери пулс и кислород во крвта, во ред е. Чекам резултат од црп да видиме дали имам некоја вирусна инфекција. Ми рече немам потреба од екг, да земам бедоксин. Па да и треба да земам, воопшто не земам.
Девојкии нешто да ве прашам ненадејно во сон се растегнувам и се осетив два пати сабајлево само што се превртувам од една на друга страна повторно несвесно се истегам дали може да му наштети на бебето оти почнав мали болки да осеќам ве молам хелп многу сум испаничена
Девојки, сабајлево пак крварење кај мене. Станав од спиење, ништо не ме болеше, отидов во вц и кога се избришав имаше што да видам. Одма се јавив на матичен и бев да ме види на ехо. Со бебињата се е во ред, цервикс 40мм, но постелката на едното бебе била ниско до грлото. Синоќе ко за беља малку пешачев и дали од тоа се направи притисок, стварно не знам. Ми рече и матичниот и Ивановски строго мирување, утрогестан и алматех таблети, магнезиум и витамин ц да појачам, аспиринот пак да го исклучам. Ве молам за искуство што можам повеќе да направам, во смисла како да лежам, на страна, со подигнати нозе или што да правам. Инаку 15недела сум од денес.
Ако ти е за утеха, кај мене не престана да боли. Едвај сабајле станувам, се држам за креветот, не можам ни до тоалет да одам. После попушта во текот на денот и пак почнува. Како ќе му текне. Не е до плодот што притиска, туку ти се прилагодува карлицата за раѓање. Кај мене, за среќа, се е во ред, нормално било наводно. Ама што нормално е ова, ни лево ни десно во кревет да не можеш да се свртиш. До продавница пред зграда ми е успех ако стигнам и се вратам, без притоа да земам да офкам по дома.
Кога имав препораки за лежење ми викаа со перница под задник подигната и така цело време. Моја пријателка со предвремено родени близнаци исто лежеше 3 нед. на патолошка пред породување само долен дел од кревет подигнат, ми се жалеше после тоа дека кичмата не ја чувствува ама почнав да ја разбирам кога го применував истото.
Јас сум 12+0, предхидниве неколку дена ме боли половината и од лево кај препоната и кај јајникот. Не знам што е нормално што не е. Малку сум исплашена. Цела ноќ не сум спиела како што треба, само се превтувам и на тоа мислам.
Добар ви ден милички, се надевам сите сте добро, дали некоја од вас го има правено пренаталниот тест Вера Гене? Многу се мислам дали да го направам, со првото детенце не се породив тука и таму кај што живеев ми го направија во 10 та недела.