Јас кога бев на невролог пошто сум со мигрена, ми рече позицијата на главата кога спијам да биде исправена не свиткана.
Јас го правев, резултат добив за 11 работни дена,малку ме изнервираа дека доцнат еден ден, а трудна жена во исчекување со хормони до плафон ... Инаку има плус опции од останатите што се нудат кај нас,затоа што анализира и можни генетски заболувања,се зема примерок на днк и од таткото,па разгледај си детално кои информации за плодот сакаш да ги имаш и одлучи
Абе зашто докторите закажуваат царски во полна 39та? Ама па нив не ги рита и не го носат тие по жештиниве. Како да се испазарам бар во 38+3? Ете ќе ја почнам 39та, само нема да е полна.
Оти не се раѓаат кога ние сакаме туку кога природата одредува. Знам дека е тешко, второ ми е, ама подобро доктор да даде амин. Особено за прво. Секој ден во стомак им е ден плус, иако е тешко, болно, мачно, напорно, се би дала да можев со синко да го дочекам бар да влезам во 9ти.
Од жешково со стикови, потење и брич ми се појави поткожна акна под пазува, на допир боли и е топчеста. Сте имале ли? За колку време проаѓа? Ставам ациди борици облоги. Аман
@kristina.k прво ми е да, ама више паничам за се и сешто. Се си мислам како одминува времето, се поголема паника ќе ме фаќа. @AngelOfArh Па ќе прочитам тука нешто и одма - а што ако кај мене е баш така? Затоа сакам порано, а еве бебчо е веќе 2.900, за 2 недели таман околу 3.500 ќе дојде
Со првото 39+4 ме породија царски. Сега сум на прв преглед кај докторот во 37ма, (05.08 ќе видиме шо ќе кажи
Ако не ти е ризична бременоста гледаат што подолго да е бебе во стомак,еден ден плус викаат докторите дека е со огромно значење за бебето,мене ми рекоа дека ако стигнам до крај ке ми закажат во 38,ама кај мене состојбата е високо ризична и не би требало само да почне породувањето заради можни компликации,едвај чекам да се породам и јас више ама цел Август треба да го истуркам
Може да е поткожно влакно. Знам дека не е добра идеја ама јас таквите ситуации ги решавам со боцкање со стерилна игла. Истиснувам убаво сè да излезе, ако излезе влакно го тргам со пинцета, после премачкивам со јод или алкохол и толку. Најбрзо ми минува така.
Да, затоа реков дека може мојата идеја да не е добра, баш заради местоположбата. Ставај ладни облоги и прати каква ќе е ситуацијата во следните 2-3 дена. Ако треба ќе консултираш лекар.
Кога бев на последно цтг кај Д-р Стомнароска во Ремедика, ми рече следниот пат дека ќе ме прегледа/види вагинално. Ќе бидам тогаш 38 недела полна. Дали тоа би значело со вагинална сонда или таа болната проверка што сите ја зборат? Малку ми е страв
Не се плаши. Не мора да значи дека ќе те боли. Од страв ќе се стегаш знам, ама немој. Од тука ќе излезе бебе, ти си се исплашила од неколку прсти. Опушти се, не е толку болно