Како што ти кажала членката, на пораѓај мерат карлица. Ако измерат дека не може да излезе природно ке одат на царски. А може да е проблем голема глава. Има огромна разлика од бебе со 10 цм глава и некое со помала. Многу мал процент на бебиња се со тие пропорции, ама таква ти среќата. Кај мене тоа беше една од причините за царски.
Дали од ова би се затварале порите? Сакам и за мене и за ќерка ми (10год) да го пробам, баш прееска ми падна во очи
Мене ми се појавија стрии во пубертет, од растење, извишување, дебелеење, слабеење..... И веројатно како склона на стрии очекував и во бременост да ми се појават, но ниедна не ми се појави. Со првото се мачкав со Еуцерин масло, и оригинал Павловичева, а сега со второво да не лажам ама мислам 5 пати се имам намачкано, и не ми се појавија. Така да, мислам нема правила. Секако мачкање со креми и масла не е на одмет
И јас очекував , ама добро се држам до сега , ај викам и повозрасна , кожата не е еластична толку Мене ми е прва бременост од 22 недела некаде почнав да се мачкам на мешето само , масло еуцерин и до сега добро е , се надевам сега за две три недели нема да се подречам
Се чудев што е, викам како на исто место вака како да ми трепери нешто, ме удира ли или ика, не бев на чисто
Баш сега го купив путерот на Hipp, ќе го пробам каков е. Досега не бев многу редовна со мачкање ама кога мачкав, мачкав од путерот на Веледа, сега реков да пробам со Хипп како поекономична варијанта
Мачкајте што сакате ако решиле да ви излезат, пак ќе излезат. И тоа во најлош случај како мене накрај веќе или на некои после пораѓај. Тоа мислам зависи и кожата дали е сува, еластична. До некаде и генетика е ама не секогаш. Има многу случаи мајката со стрии ќерката не и обратно. Секако паметно е превентивно да си мачкаме.
Ви се случило ли после грч на ногата, да ве боли со денови на истото место? Земам магнезиум, исто како да не земам. Аман веќе, зборот болка ми стана секојдневие. Мислам дека трубачи ќе викнам кога бебево ќе излезе. Цела сум за никаде веќе. Да бев предмет до сега во канта ќе отидев.
Еднаш ми се деси, траеше 2 дена болката. А ќе го памтам цел живот, у спиење ме фати полошо нешто нема.
Mene mi e taka, prvo grc, pa me bolese oo cela dolzina nogata, i koga dvizam me boli, pa i kako trnenje osekam
Уфф ужасна болка. Некна во спиење ме фати грч, неподносливо болно беше. Еве веќе трети ден ме држи болката, едвај нагазнувам со таа нога
Која недела си ти? Мене некако како рано да ми е за вакви болки, или пак не што знам.. ќе прашам сега на контрола сум деновиве ..
Јас две бремености, само првата ми излегоа малку лево ама бев со две... Сега втората ни една немам , а бев огромна на крај . Ама затоа градите хаос. Мачкав Еуцерин уље и Хип путер. Наследно не е. Во втората бременоста многу ми пораснаа градите, едноставно не можеа, а да не испукаат. Е сега јас па таму не мачкав ништо, нити мачкам. здрави и живи бебенце, нека има млеко, стрии за спомен кога ќе пораснат и по можност да не виснат.
Кај мене стрии на гради нема, на стомак само, бајаги големи. Ама затоа градите виснати се. Да ви дадам надеж дека откако престанав да дојам добија поубав облик. Кога ке ги исцицаше синко беа како издишани балони. Сега како со вода полни балони.