По 2 нед вадење конци (ако има) и по 6 нед вагинално ехо. Ако има потреба не се чека. Пап и брис по 6 мес, по потреба порано.
Да, после 3нед најдобро, освен ако пред тоа имало некој проблем, Д димери пр. Во тој случај и порано.
Јас правев така, ги истегнував прстите на нозе скроз и мускулите на долниот дел на стомакот и матката ги исто истегав. Сето тоа го правев во полу сон и ако се освестев не ни можев да се прекинам. Почнав да земам магнезиум баш пред легнување, и ептен активно да пробувам да се одвикнам од тоа. Постепено предтанав, мада сеуште ми се случува еднаш-два пати месечно. Ама не е секој ден. Еве ме 36+4 сум.
Искрено мислам дека не,според мое искуство.. исто се потам ама не мириса,мо држи цел ден. Исто и ролонот од истата линија е добар,за нанесување е поедноставен и накај 450 ден, пробајте првин со него можеби
девојки имала ли некоја покачени леукоцити во урина. Ми беа 70 пред 3 недели, пиев панцеф и чај од брусница. Сега пак проверив 125. Правев пред 3 недели и уринокултура, негативна беше
покачени леукоцити, уреа во серум покачена и креатинини покачени. сега тие се во нормала освен леукоцити.
Немаш потреба од антибиотик за леукоцити во урина, тие во бременост се секако покачени мислам. И да сум грешка, да не е така, без бактерија па одма панцеф ти дале. Така после сме резистентни на бактерииве, оти многу паметни докториве.
Женски имам многу зголемен вагинален исцедок деновиве, бел, млечен, без никаков мирис 37ма сум, брисеви чисти се уредно. Се случува ова нормално е?
И јас имам исто , најверојатно е нормално , чисто е и кај мене и брисеви и урина и уринокултура , јас со месеци наназад го имам
Јас сум 33та недела исто имам зголемен исцедок баш како што опиша ти, вчера ми стигнаа резултати од брисеви, ниту кандида имам ниту ништо... како што имам читано дека си се чисти на тој начин вагината.
И мене цела бременост ми се покачени, па не ми спомнале докторите до сега дека е проблем тоа. Ако е чиста уринокултурата мислам дека нема потреба од терапија
А зошто тогаш антибиотик, па и Панцеф? Леле, неписмени доктори. Еве и јас имам леукоцити во урина, уринокултура чиста, па гинекологот не ми даде антибиотик. Тоа не го ни смета за страшно.
Здраво другарки, дали некоја од вас примила инекции за зреење во Систина, дали треба јас да ги купам или ги имаат таму? Знам дека се примаат 2 пати во рок од 24ч ама дали една или две ампули се на едно боцкање? Колку пари се во Систина, ако некоја ги примала таму?