И мене. 22ра недела сум и од сега планирам да разговарам со д-р на таа тема. Плус делот на преглед со рака
И јас сум 22ра и прва бременост ми е. Ај барем форумот е тука да можеме да си кукаме. Инаку колку и да ти кажуваат што е и како е пак нема точно да знаеш додека не го доживееш нештото на своја кожа.
@fana честитки. И побрзо опоравување. Утре кога ќе ти донесат бебе се ќе заборавиш Инаку и јас читам и стварно пробувам да се сетам. Јас сум била во паралелна димензија или што е работава. Со првиот царскии нит стискање стомак, нит ерготил нит клексани добив. Ама почнувам да се сомневам да не сум во заблуда
Од една страна сакам до најситен детал да дознаам што се ме чека, зашто таква сум по природа. Да сум си спремна на се. Од друга страна па си велам, може поарно е затечена да ме фати. Како и да е, Фана колку и да боли, верувам кога ќе си се гушнете се ќе избледе во позадина. а дотогаш пцуј по мажот
Само јас ли немам страв или не сум свесна што ме чека скоро 33 недела сум. Не ни размислувам на пораѓај ни па како што би било искрено до сега не сум ни осетила дека сум бремена
И јас сум таква, сакам сè да знам и да знам што ме чека. Мене страв ми е од сама себе, голема паничарка сум, можам да се изгубам таму од страв па да им направам некој циркус
Уживајте во бременоста рано ви е од сега да се плашите. Јас сум голем плашливец ама си викав има време рано е. И така помина времето. Последните недели ако сте паничарки како мене сами мислите ќе ви одат таму пред спиење. @Iris-1234
Дали смее парацетамол или бруфен во 3 тромесечие?Денес излегов од сабајле крв да проверам и ме скина кичма и карлица, и тоа до кола и назад, како да ме клоцал некој во препони и крст, премногу ме боли, а може е и од времето што се смени, како и да е, не се трпи, што може за болки?
И јас немам страв, се прашувам нормално ли е Повеќе се плашам дали ќе стасам со цела припрема, пеглање, дали ќе има се. А за пораѓај дури едвај чекам