Добро луѓе нормално е да боли грб толку и препон, значи не де контракции не поминуваат него така си боли? Мислам ништо страшно нека боли само да е нормално да не си правам филмови
Не е препорачливо бруфен во трето... Пробај со парацетамол. Ако повеќе време лежиш болките и од тоа може да се... Мене од промена на времево ме боли стариот рез од царски и тоа поприлично, и тоа само во бременост сега,претходно немав мака... Пијам магнезиум и се трудам повеќе да одмарам, моментално на ветер на тераса дишам, цел ден ме утепа спарниот воздух плус
Грб не ме боли, ама препони кога ќе си легнам како знае да ме сецне, како струја да ми помине. Не боли долго, 2-3 секунди ама здраво боли.
На мене само аналгин ми даваа замисли, и сега налгесин. Башка ми ставија мала доза анестезија, само колку да пројде операцијата. Леле контракциите Ќе полудев мислам кога се стегаше матката. Јас до вчера се пцуев, а кога ќе видев природно некоја, и љубоморев искрено. Фана ти си поватрена од мене значи Добро, не ме болеше само мене, мислев дека сум лигла. Што се трпиме за деца. Мајки.
Девојки да се пријавам и јас, се породив Се е ок, природно, напорно..... ама вреди за сè ова богатство Мислев до август ќе седи во стомак, ама јулско бебе испадна
На лавчињата не им е битно дали август , еве ако сакаат и јули ќе биде! Тврдоглави од старт Нека е живо и здраво мајка, големо да расне @Bizbiz
Честиткииии мајка ❤️ Читајќи ве се осеќам како Рејчел во Френдс, сцената кога чека да се породи и кога и вика на таа ќе тужи дека 4 се породиле пред неа и дека е она на ред
Жени ме фркнаа менструални болки, не е страшно ама веќе некои 15 минути ги имам. Минатата недела бев на гинеколог, ништо не ми рече. Нормално ли е, има простор за реакција и паника? 34 недела сум.