Ако се константни, лажни се. Знам тешко е да не се паничи, јас иако знаев дека се лажни си правев филмови да не се вистинските. Ама тие за раѓање сите викаат дека ќе ги препознаеме. На интервали биле со стврднување.
Чекајте и јас сум со паничарките Не можам да верувам, второ дете ми е, исто ко прво, ништо не знам, се ме плаши. Денес цел ден со мачнини и веќе неколку дена течна столица, ама не е дијареа, еднаш, два пати на ден одам. Денес се бричев долу и ми падна едно лигаво густо, само не беше големо,2,3 цм. Добро дали е можно да паѓа мукозниот чеп? И зашто толку рано.. во сабота влегувам во 8ми месец. Или не е ништо? @Bizbiz Честитки мајка
@Kate Rina 93 мене во 31ва ми падна такво парче и од тогаш ништо немам. Читав дека е можно да е тоа ама ако е рано се обновува сам, битно цел да не е паднат. @Bizbiz честитки, да е здраво и живо
Прееска се разбудив на десна страна. Така сум спиела саат и пол... Стварно ли е штетно многу? Неосетно го правам тоа....
Не знам дали да му спомнам на гинекологот кога ќе одам на преглед, страв ми да не ме прегледа вагинално, па беља да направиме
Пробував на лево али ептен помачно ми беше... Бебето така беше наместено да осеќав дека го притискам коа ќе се свртам на лево. Битно спиев на страна па сеа на која...
Ако имаш уште спомни му. Кај мене не се случи пак и не спомнав ништо, во ред беше се на нареден преглед.
Како сте со главата на времево? Од како заврна мене ме уби! Не да ме боли, ме корне...напред, назад, горе, доле незнам ни јас веќе каде Пиев магнезиум и б6 ама ништо не проаѓа
@Alexandrite те пуштија болките? Сега мене ме фати кичмата да ме боли. И ете одма паники ме фатија пошто ај тебе ти е рано 34 недела си. Ама мене готово више ми се ближи пораѓајот.
Ама не ме боли кичмата како што ме болела порано. Туку како бодежи, како менструална болка како да кажам само у кичма. Слаби болки се, само ме нервираат зошто ги имам. Другаркиве мои сите немале вакви болки лажни.