Да, добро е. Се исплашив малку да не е тоа тоа. Сега ќе си легнам и едвај чекам во 4-5 сабајле бебе да ме разбуди набутано во дијафрагма или па како ми го буши меурот. Лажам со тоа едвај чекам
Друштво, изгледа следна сум, во 4ам ми пукна водењак, ме примија во Чаир 4 цм отворена. Се чека мажето мое, многу сум среќна
Честитки, да е живо и здраво . Секој ден бебнце имаме на темата, ништо нема да остане за во август Ако, на овие жештини, олеснувајте се. Јас пиев сируп за да какам, уште тоа остана. Раната ја одлепија да се суше, добра е. Ми рекоа дека по втор царски пуштаат и порано, ако сакам да си одам. А јас не сум спремна, мислам денес моиве ќе средуваа за утре. Не дека е нешто комплицирано, ама што знам. Ќе видам што ќе кажат на визита. И полека да се одјавувам од темата, прекрасна група си бевме. Со лесно на сите, помалку паничете и ќе се породете. Јас сега да ди ги бркам другарките по бебешките теми.
Ако немаш попуштени вени, не гледам зашто не би можела. Само нормално со прв пат користен восок и напомена дека си трудна.