Од 7 месец само што влегов која и да беше недела кога ќе ме видеа во маркет или било каде, нели секој си дава право да коментира, ми викаа а ти готова си ќе раѓаш кај и да е. Ко ќе им кажев дека имам уште 3 месеци да веслам не им се веруваше. Е толку сум голема и јас Сега замисли ме 9 месец, уште 2 недели до термин колкава сум Ама битно успеав раце, нозе, другарка доле се со машинка
Што убаво си сонував љубавни сончиња, лепота една, па бивши љубави, па некои симпатии, бомбонка, а синоќа хорор, убиства, потери некои, абе свашта и се разбудив во ниедно време па почна да ми тропа нешто, па страв да презаспијам, па мм ми хрчеше, абе што да ви кажувам. Ако нека не сонувам глупости пред преглед од типот бебето умрело, празен стомак, стресови... па се трпи ова. И да денес сме на контрола, ако се одоброволи пропелерчето да го видиме убаво, прилично е брливо. А во вторник ќе исполнам желба на тетката па ќе правиме тоа балони, откривање пол, јас не сум баш за ама она сака и ќе исполнам желба, не ме кошта ништо. Не правевме тест пренатален, ама докторот ќе ми го напише и ќе ми го стави во плик па во цвеќара да ми направат балон, така се правело.
Еве сум. Да поминаа. Не знам кој ден по ред пак не спијам скоро цела ноќ, не од болки. Туку толку ми е склет од жешково се потам ко свиња и бебево многу лошо ме удира. Јас повеќе на десна страна спијам на лева ми е мачно, и тоа ќе се напика десно и буквално како да копа со нокти или со некоја мотика до толку ми е језиво и болно. Па и мм хрчеше и право зомби сум сега... Тоа е од мене жалби и поплаки Ти како си?
Јас бев иста, во еден момент бебе беше назад и 3 недели со мерки за глава и меше, мала тежина. Потоа само една недела беше назад и еве ја се роди здрава, права во 38 недела. Да, мала тежина има 2700 и главата е 34 см, ама се е во ред, плус одма фати да цица и денес добивме пофалби од педијатар дека е супер особено што веќе не даваме дохрана. Овде даваат додека да се воспостави доењето и јас сум царски. Така да, без грижа. Јас колку се нервирав, ама ете, супер е, мало црвче, што се и е големо Честитки, да е живо и здраво
Исто буквално Ни спиена, главава ме фрка од синоќа те ќе ме пушти, те ќе ме фати...се досадувам дома, ќе пукнам. Едвај се движам од дневна до спална и обратно, се ме боли. Ова моево исто легни на лево копа на таа страна, легни на десно одма се прешалтува и тоа. Го гледам мм и почнувам да му љубоморам веќе. Најаден, наспан, ќе си излезе за на работа, ќе си се врати, ќе си се види попатно со некој кафе ќе пие ќе олабави. Јас во куќен притвор
Мешиња, од кога сум останата трудна не можам да одам нигде во тоалет освен дома и тоа дома во еден тоалет одам само јас во друг сопругот и со никој не сакам да делам..значи кај да одам гледам во тоалет дома да одам ама синоќа бевме излезени и неможев да додржам морав да идам во тоалет и еве цел ден нешто долу ме чешка..37 недела сум, шо да правам, дали да одам на лекар, шо може да ми се случи, дали да пробам нешто со чај од камилица да се замијам, срам ми е веќе и од докторката да не рече ти за се нешто паничиш…
Акушерка ми кажа во 8ми и 9ти да не се депилирам туку само да се бричам..заради можноста од прерано добивање контракции...па затоа ве прашувам
Психа те мава Замиј се со чај од камилица или вода со сода бикарбона Јас трудна не трудна само дома. Еве ја ќерка ми 10 год има ништо не сум и рекла иста е