Ајде сега хелп Утре сум на втор скрининг. Многу сум анксиозна. Што ако ми кажат нешто лошо? Страшно ли е?
Не е страшен скринингот како скрининг, ама ете, таков карактер си сигурно. Јас денес на контрола па од синоќа само мислев, па на крај ок е се', ама мисла си е мисла, си постои Колку и да мислиш, не менуваш ништо, само пробај да се релаксираш, да си оттргнеш вниманието и дури да видиш ќе дојде утре часот Во најголем дел од случаевите си преувеличуваме, ќе видиш дека се' ќе биде ок
Не дека мислам нонстоп ама кога мислам мислам и онака си викам леле шо ако .....али ајде тоа е нека не чува господ
Јас пред секој преглед мислам, бил преглед бил скрининг, таква сум, што да правам. Еве денес сум и од прееска не ми поминува време никако. Па ко за беља денес нешто ме подболува стомак и имам некој исцедок водлест без мирис, катастрофа. Само да мислиш. Ако ми веруваш не сум некој верник, ама на секое одење пред да легнам и откако ќе легнам на ехо јас се молам и ветувам големи свеќи во црква, масло и дарови, и после стварно си одам во црква се заблагодарувам и палам свеќа, носам масло или дарче, не знам да се молам може правилно, ако постои нешто такво, ама ќе си кажам пред олтар што ме мачи и ќе си запалам свеќа и толку. Нормално е, се шириш. Мене ми почнаа грчевите во нозе, синоќа се протегнав и така ме здоболи, сум офнала дури во сон. Ќе прашам за по 2 да пијам на ден.
Честитки до сите мами што си имаат бејби.. Редовно ве читам да знаете. Јас сум 19 недела, и решивме на одмор да дојдиме и дојдовме. Прво се поболи ќерката по клиники апчиња сирупи па мм и од вчера јас (малку ми беше подобро до 17 нед повраќав мачнини од кревет не станав). Цела вечер со температура најмногу до 38.3, трески болка во мускулите, главоболка страшна не заспав цела вечер.. ми поминува со парацетамол и магнезиум но по 3 сати пак исто.. и сабајле барај доктори тука ме прегледа на крвната слика црп беше 27.5. Другите вредности во ред. Ме тестираше со брз тест негативна.. утре пак ќе ме тестираат.. ништо не ми даде рече продолжи со парац. И магн. Си се пожалав квалитетно и обемно.. Кажете ми нешто што можам да се мачкам ставам на главата оти буквално ми падна барем да се вратам од одмор здрава и бела.
Бев денес на контрола во Систина,супер е бебе,си напредува соодветно на неделите, 32 +2 сум, матичната ми рече дека заостанува 2 недели,му кажав на докторот,детално гледаше,и постелка и протоци,вика се е во ред,нема ников застој,цервикс мирен ми уште 30мм,ми вика супер есве ке тераш ти до крај без проблем ке го молиме да излезе на крај,примив зреење за секој случај,утре уште една доза треба да примам и баш некако се опуштив и се смирив.
Денес сум на преглед. До сега не сум паничела за прегледи и скрининзи. Ама сега сум на крај не знам што ќе биде, и се прашувам дали ќе ме прегледа со рака(ме уби психа од тој преглед), дали сум отворена, па да не ме задржат некако не сум спремна, или пак уште не сум отворена и ќе терам до термин па може и да го надносам. Исто ме интересира колку тежи сега црвчето одамна не го мереле. Ќе видиме што ќе биде
Супер си ајде, на крај нема што да биде. Прегледот со рака не боли, не го мисли. Најубаво е да отидеш и да те задржат дали денес, дали следен пат и на брзинка ај фуј се ќе пројде. Вака кога знаеш па кога ќе биде повеќе психа ќе те мавне. За спремање ич не му ја мисли остави само четка за заби и паста да ти донесат друго ништо не ти треба. Јас уште пред 2 недели ко се уфурав дека пред време ќе раѓам исправ и испеглав за бебушка и за мене што треба за од болница и прибор за лична хигиена спремив и чекам. Мм еве 2 недели ми се смее ко ќе ги види
Да ве прашам поискусните, во 18 недела сум и ме фати грлото што можам да земам за грлото што е за трудници?
Јас не знам ни за мене ни за бебе што ќе го облечам. Се е испрано средено ама се некако се предомислувам околу облеката и немам одлучено. Искрено не се ни замарам многу околу тоа посебно за себе ич