Да пријавам, се породив пладнево природно 4600 бебе. Не можам да се составам, 11 конци ама вреди за секој еден чуството. Абе пораснато бебе одма фати цицка Пола персонал дојде да ми честита, на крај Едис Мујовиќ ме породи бидејќи мојот доктор не успеа да стигне. Симнувам капа за начинот на подготовка додека траат болките
@pikachu2 машала мама, пораснато бебуле да не ти е страв во раце да го земеш! Честитки, нека е живо и здраво, големо да си расне.
Мене ме болеше првиот преглед со рака зошто доста бев стегната, не знаев дека ќе ме прегледува и ептен неспремна ме фати, цела се укочив Вториот ме болеше помалку зошто успеав да се опуштам малку. И за третиот веќе бев спремна психички и добро помина. Дента претходно гледав видео на јутјуб за вежби за дишење, па дишев за да се опуштам (4 секунди вдишуваш низ нос, 6 секунди издишуваш низ уста, како што издишуваш се фокусираш на сите стегнати мускули во телото и ги опушташ). Сега за наредните прегледи сум спремна
Честитки на сите нови бебиња, машала лавчиња куп, да се живи, здрави и многу да ве радуваат Мене изгледа ми се активираа хемороиди, не крварам, само ме чеша и ми е ко отечен аналниот отвор. Сега сум на лекар и срам не срам ќе си прашам.
Уринарни инфекции во бременост? Дали се опасни и дали од нив може да имам тапа болка во долниот дел од стомакот? Иначе немам никакви симптоми други за инфекција и треба да правам уринокултура