Мене од виола ми дадоа нешто како вода такво Францовка пишува на нејзе демек за трудници за масажа при главоболка, проладеност и баш ме опушта, мириса на ментол и малце загрева..можеш да пробаш по малце на вратот со масажа или на слепоочници да ставиш
Дали во 9ти имате проблем на рамно да спиете? Ќе се угушам готово. Мора на 3 перници и на десно моментално, само така имам воздух малце. Нормално е ова или не е во ред нешто? Уште е бебето горе многу, од под гради ми почнува стомакот, цела топка сум.
Мислам дека две недели ќе ми требаат за да се опоравам Многу трауматично го поминав станувањето после царски, не очекував толку да ме боли Денес не пуштаат дома се надевам дека поубаво ќе е
Аххх мила, верувам дека боли, операција е сепак. Како поминува времето подобра ќе си, а и дома е си е дома, ќе се опуштите и ќе си фатите ред со бебка
И јас така знам, три линии е женско. Е сега јас ни куре гледам ни три линии @AngelOfArh прај утре балонот, и ние сме во исчекување @Bebetoo прв царски ти е, така?
@Coco31 @Bizbiz @pikachu2 @theTulipsLover Честитки мамички, живи, здрави да се бебињата Абе сама ли ќе останам во темава, да се спремам за монолог да си водам
Ајде сега жени сите што сте породени со едно со две тазе и од поодамна доколку сакате може ли да ни дадете совет на нас прворотките во однос на закрепнување, грижа за ментално здравје, што да направиме после породување, велат не пиј вода - пиј, едноставно ваши животни совети кои ќе не окуражат да го поминеме ова полесно ❤️ Фала ви од срце
Добро утро мешиња.Цел месец поев Сидерал форте и хемоглобинот ми паднал под 100,џабе се толку скапи никаков ефект не дадоа освен то не ме болеше желудник ама па затоа имав дијареа.Сега ми рекоа да пробам со Ферозомал кесички, какви се тие,ги бојат ли забите, тешки ли се за желудник?Од тотхема ме боли желудник, од хеферол имам запек,семе од коприва со мед ставам чат пат во смути вака неможам да го јадам,кашлам од него,сокот од аронија го заборавам,катастрофа општа.Препорачајте нешто за хемоглобин
Јас за сега се одржавам со хеферол и вит ц, пијам какао повремено, аронија заледена по неколку зрнца, вчера направив и сок од цвекло со јаболко и лимон, пробај црно чоколадо по малку, пробај житарки... сигурно веќе знаеш дека не се меша блиску со кафе и млечни производи. Да напоменам, воопшто не јадам месо иако е препорачливо за железото
Најпрво,честитки за сите мами. Прво, најважно е да се гордеете со новата титула, животна титула МАЈКА, да си уживате и одмарате максимално со бебињата. Два пати породена природно, прилично многу лесно, вечерта веднаш станав се истуширав. Вода ќе пиеш колку ти бара организмот, најнормално. И со крварењето немав проблем, многу малку и рано ми заврши. Бидејќи бев малку шиена,имав неколку дена пецкање при мокрење, ама помина. Други компликации немав. Дома,сите ќе си се однесувате исто како и претходно, само најважно е вие да се навикнете и да го прифатите новиот член. Без стред, туку со љубов. Ќе плаче, ќе се смее, ќе спие, нема да спие, ама најмногу ќе сака да е во прегратките на мама.Затоа, опуштете се, бидете благодарни што ја имаме најубавата улога, што од нас излегол живот за кој сега ние ќе живееме.
Вода после породување ако ти се пие пиј си, колку ти бара организмот толку, убаво е да пиеш, нели и млеко треба да имаш, па течности добро е да внесуваш. Исто и ако си природно породена, да си јадеш, да имаш сила. За раната долу, првите неколку дена мокрев под туш со млаз млака вода, да не ме пече.. тапкав со сува крпа и прскав виоплекс, кога имав болки пиев вентор
Во првата бременост ми помогнаа Haemovit plus на HealthAid... Сега земам по две капсули Gentle Iron на Solgar, формулација специјално за осетлив дигестивен систем ем е добро искористлива форма на железо... Генерално железото треба да се внимава да се пие на размак од млечни продукти и магнезиум мин 2 часа.. плус да се внесуваат кофактори за негово подобро врзување како што се фолна, вит Ц, бакар, цинк..
И јас пиев сидерал форте и мене ми паднаа и железото и хемоглобинот , ме фати паника зошто 37ма сум , ми рече докторката да земам тотхема , ја пијам саат време после доручек во сок од цеден лимон и плус вит ц од 1000 ка , јадам за доручек чиа пудинг со боровница повеќе и какао два пати на ден пијам , па колку се качи до пораѓај толку, тоа е што е
Хелоу топчиња Еве ви пишувам од патолошка на Гак, ме примија пред малку 4 прста отворена и омекнато грло. 35 недела сум денес точно и баш ме фаќа паника многу рано, брзо и ненајдено ми дојде. Има ли некој вакво искуство, има ли шанси да издржам подолго време вака отворена?
Јас што не пиев џабее... Последни 10 дена , сабајле и вечер пиев Тотхема и ми се качи железо на 11, Хемоглобин 117, Фала богу,
Можеш да истераш сигурно, Јас имам познати со 3 прста отворени до крај издржаа... мирување само, да предизвикуваме контракции и да не прсне водењак... Како и да е бебе е веќе зрело, и нема да има проблем и сега да се роди. една членка сега скоро си се породи во 35та, не беше ни во инкубатор ни ништо. Се си е во ред.