Имав втор царски пред 10 дена. Лесно го поминав, полесно од првиот. Дека боли рана боли али не сега до онесвестување, боли напорот што го правиме за да дојдеме до седечка положба пред станување. Искрено поголеми болки сум имала у живот. Во врска со раната, ја мијам до сапун и вода, после тапкам со пешкир. Млеко ми надојде 3тиот ден, Првите два дена бебето го ставав константно на града да влече за стимулација. Сега имам доволно млеко но дури сеа осеќам како да ми се преполнуваат градите. Па затоа а осетите така, веднаш над умивалник, млака вода и масажа на гради, малце само колку да се ослободат од млекото. Во однос на пиење течности, првиот ден најмнооогу да испиете бидејќи имате катетар, нема да мора да станувате, а на телото тогап најмногу му е потребно хидрирање. Ова зборувам за тие со царски. Никогаш да не се мислите дали да пиете или да не пиете. Нормално дека на телото му треба течности за да се создава млеко. Неморате сеа бози и слично. Доволно е само вода во изобилие. Па поготово на топлово да се пазите да не пиете вода, не иде... за Повлекување на стомакима време, ќе се мисли и на тоа. Јас со првилт царски воопшто не мислев на ова. Си дојдов од болница и 5тиот ден некаде бев послаба за 10кг а стомакот постепено си се повлекува... Сега исто 10кг сум послаба точно. Првиот ден дома нема мерење зашто е уште рано. Без паника околу чување бебе, не ви треба никој, мајката си знае најдобро. Бебе спие по 2-3 часа, па цица па пак спие... Најлесно е првиот месец а за тоа време таман мајката си се учи на бебето и обврските. Не примајте никој дома зашто незнаете кој што носи. Подобро бебето во количка и едно кругче во парк. Тоа најдобро барем 2 недели да има бебето.... Ако имате некое прашање, или нешто пропуштив пишете
Ако се депилираш редовно нема таков ризик. Јас се депилирам од средно, во ист салон. Брич немам фатено во рака. Влакната ми се мнооогу изретчени. Цела бременост се депилирав, ама не се грчам, стискам, не ме боли. Ако се бричиш не е паметно во 8 да одиш на депилација.
Кај нас ги нема. Моја препорака е малтофер. Нема подобар суплемент. Кај мајка ми и син ми за две недели ефект бум.
Кај нас ги нема. Цената е 1,70еур. Нема никакви несакани ефекти, ни тешко на желудник ни запек. Мене ме спасија.
Овие се дефинитивно едни од најдобрите за железо, а цената им е смешна. Јас еднаш ги начекав во аптека во мојот град, ако сакаш ќе прашам, па ако ги има ваљда ќе може по карго да ти ги пуштат. Ако ги нема сигурно ќе најдеш некој близок од Грција да ти ги земи.
@macalavica јас бев анемична се' додека не останав бремена. Најубав резултат имам постигнато со Хемовит плус бидејќи за брзо време ми ја подобруваше крвта и не ми смета воопшто на желудник. Еве и сега кога ми дојде хемоглобин на 120,а железо на 11, почнав преку еден ден да зимам. Еден ден тоа, еден пренатални. И двете во ист ден не зашто и хемовитот има фолна и Б витамини. Го земам заедно со ацеролата на Алкалоид и не конзумирам кафе/млечно неколку часа пред/после пиење. Семето од коприва најубаво да го смељаш и да го ставаш и во јадење, во чорби, во салата...
Хелоу девојки. Вака ,ова ке биде малку подолг пост. Денес бев кај Котларова. Втор скрининг. Се е во ред. Измери се ,се е во ред со беба. Беше гужва и малце брзаше ама според мерки и сите органи рече супер. Не ја видов дека слушаше откуцаи на срце?! Ама гледаше комори детално и рече све е топ. Е сега....крива сум...АМА мене тек пред две недели ми текна на еден момент. Дедо ми, неговиот брат и сестра сите имале нешто генетско наследно и накривнувале со едната нога. ( дедп ми не го памтам) Е сега генот понатаму се префрла во фамилијата на брат му на дедо ми,( неговите деца чичко ми и стрина ми и нивните деца ) Другите немаат никој ништо. Јас ова целосно го заборавив до сега ..и жива се јадам како можев....ама ете. И кажав на Симонида...она мереше ножиња и рече според мерки се си е во ред..меѓутоа јас сепак не сум мирна ( нели нешто да те мачи) Нифти не праев...само приска која беше во ред. Денеска се јавив на приватно .ми рекоа има опција да се испита конкретниот ген ама искрено незнам дали да навлагам до толку или да оставам господ да не чува....си викам и што ,еве замисли недај боже откријат нешто....што тогаш? Стварно незнам ...дајте совет...мислење.... Да напоменам од нашава страна генот е застанат и никој нема ништо...ама си викам и што ако кај мене ете се погоди
Да не се потресуваш и да не се замараш. Гените се страшна работа, но исто така и многу голема непозната. Пред се може да не се види ништо а да си ги дадеш парите, а од друга страна размисли вака, ако нешто се види, имам ли срце да го абортирам? Јас не би имала, освен ако знам дека таа состојба ќе му го отежни животот понатака на моето бебе, не би можела да направам нешто такво. Друго е што тоа не е нешто којзнае колку генерации да се влече, 2 генерации реално се со тој проблем, може и да не значи ништо така да не се потресувај. Кај мене од мајчина страна има деменција, од кои сопруг има дијабет, не планирам да се стресувам воопшто, како ни е шкртнато така. Е сеа кај мене почнаа маките. Хемороиди во бременост. Умирачка се. Чеша, пече, боли, нема крв и нема рана туку само оток и многу чеша. Не го прашав докторот од што ми беше незгодно, што да направам, што да ставам, како да си помогнам? Не знам да ја ставам маста и внатре и надвор или? Помагајте!
Дали можеш да смениш нешто ако случајно го има тој ген? Би ти рекла не се оптоварувај, не си создавај стресови.
Земи си мелем за хемороиди од аптека стојанови. Многу брзо делува. П.с. прашај дали е дозволена во бременост
Фала ти. 3 генерации се ...али ајде тоа е...изгледа треба малце да се опуштам...што е тоа е..... За хемороиди незнам..нека кажат другиве.
Па тоа викам и јас . Еве пронајдат ,и ке имам ли срце недај боже да прекинам бременост ? Сигурно не Башка генот е ген ,може ке се провлекува на секоја бременост
Јас мачкав ректовенал. Ми го смири чешањето. И јас немав крварење. Ама хемороидот си остана не се повлече.
И уште ова.. 1.Зашто не ми праеше 4Д ,само 2Д мереше? Океј е само тоа? 2. На мерките има нешто Cereb Hill одговара за 20та недела а јас сум 21. Иако она не спомна дека е лошо јас сега го приметив
Јас никогаш не сум правела 4д па еве живо здраво бебе 4 месеци. Мерките може да отстапуваат 2 недели плус минус. Мерењето не е толку прецизно.