Ги порачав, во Понеделник ке ми ги донесаат, дотогаш ке ја допијам тотхемата за да не правам прекин со терапија да не падне повеќе. Среќа па сега сите се по одмори може брзо да ги донесе некој, со Плакенилот мака мачев со месеци, се додека не почнаа одморите, сега ми донесоа за цела наредна година. Честитки да сте живи и здрави. Јас некогаш ги заборавам по саат два, има толеранција не се секирај
Девојчиња да се пофалам и јас. Пред некој ден матичниот ми направи скрининг, кажа дека бебче е одлично и одлично напредува, го видов и јас, еднаш си се истегна со рачињата и ножињата,приска тестот стигна и тој е во ред. Јас сум многу среќна . Останаа уште брисевите во понеделник, од нив баш ми е фуфка заради спекулумот, не од болка туку се надевам не може ништо да наштети? Ама па ако не ги направам ќе ги мислам.
Нема да му наштети. Мене и пап тест ми направија тогаш. Немав ништо ни пак крварев. Мене повеќе ме болеше спекулумот и од тоа ми беше повеќе страв, за другово не ми ни дојде на памет.
Друштво, почнаа претерано да ме чешаат брадавиците? Смеам уште сега да мачкам ланолин или некоја крема имам уште 2 месеца до пораѓај
Дечки, сега нешто само ми се примочува на секое, а не ме пече. Можно е да е некоја скраја инфекција или па моментална преладеност? Опасно е ако е нешто инфекција? Како да спречам? Само што ќе се измочам, пак ме тера. Леле аман страв ми е сега.