Не прават ваму кај шо одам. Ако пак досега нешто смениле. Од брзање не ни прашав, само дали работат прашав.
Луѓе се потам претерано! Многу ми е топло мислам дека се топам, тече вода од мене, се туширам по неколку пати на ден... Џабе и клима и се... Давајте некој совет ова не е нормално...
Штом те пратиле на клиника, најверојатно ќе те задржат таму. Ако имаш контракции, ќе ти ги смират со инфузии магнезиум и ќе мируваш. По потреба, ќе ти дадат и инекции за зреење.
Лаборантката рече дека ако имало бактерија, ќе се покажело. Вика чиста е мокрачата. Црп е намалено, пред три дена ми беше 12. Од настинката шо ја имав. Вака е ок, па сега здравје, Господ да нѐ чува. Здравјево ич не го земам здраво за готово.
Јас знам дека и уринокултура треба да е првата утринска мокрача, плус има начин како се остава примерокот. Така ми има објаснето докторка од микробиологија многу одамна и така применувам.
За уринокултура не мора да е првата , но е пожелно , зошто утринската мокрача нели е најконцентрирана , и точно се знае како се остава урина за анализа , за да бидат резултатите точни .
Мешиња, тие што се боцкате клексани, ви се има случено подлив да си направите? Маж ми ме боцна во лева рака вчера и денес гледам баш како подлив ми се направило и сега топченце приметив ко да имам. Ставам хепатромбин. Да паничам или ќе пројде?
Аууу исто па и дека лежам јас лелеле косата ми е нон стоп мокра а телото лепам. Џабе е се изглеа си се помирив ослабнав од кога почнаа жештиниве.
Кај нас трудници утринската мокраќа не е многу релевантна. Секако преку ноќ по 4-5 пати стануваме. Мислам дека било која мокраќа од која прошле 3, а уште поубаво 4 часа од последно мокрење може да се однесе на испитување. Сара Мејс се породила, како да сме ние така средени после породувањето? А не, лак на нокти не сме смееле
Ќе пројде. Ако има топче масирај со алкохол да го разбиеш и пред и после боцкање држи нешто ладно мраз или сл за да немаш модрици
Јас за чудо не станувам Преку ден ќе одам 100 пати ама навечер не станувам. Е додуша сабајле само што ќе отворам очи трчам во тоалет