Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    3.516
    Пол:
    Женски
    Прочитај мислења и во групата за серклаж. Мислам имаше членки што покасно ставаа ама на приватно. Исто мислам имаше и некои витамини баш за скратен цервикс што ги збореа таму, можеш и тие да ги пробаш. Мораш да мируваш, станување само за до вц. Магнезиум и внесувај повеќе течности.
     
    На Kate Rina 93, olly14 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.852
    Допаѓања:
    114.912
    Пол:
    Женски
    Како успевате да не станувате за мочање навечер, како? Јас дур прочитам Фемина навечер мочам 2 пати, дур заспијам уште еднаш, уште 2 до 3 пати дур се раздени и само што ќе пукне сонцето ја ме ја, одма станувам. Мочла прва класа. Е јас пијам вода обилно, по 2 литра само на работа, дома уште најмалку 2 литра, ако излезам надвор литар не ми бега, на гости ме научија ми купуваат Књаз милош, да не пијам сокови. Фемибионот, дека се 2 апчиња, брусницата, витЦ и магнезиум, тоа се крка со најмалку 2 чаши вода. И ај да не мочам после. Фрижидерот ми има танкерче за 2ипол литри вода, коа сум дома цел ден на 2 пати го празнам, само јас пијам ладна. Ама вкусна ми е страшно многу.

    Мене ми почнаа струите во вагината, особено навечер, почна таман седнам да ме клоца, легнато е водорамно и осеќам кога клоца кога се тегне таман. Седнам ли одма се јавува, во акција кога сум мирно бубачка. Иначе постара, потешко ќе ми било, тикви со расол, многу ми е лесно, многу ми е убаво, буквално летам. Е многу качувам килажа и се нервирам, на мене не личи така, ама скоро имам веќе 5 качени, што е многу. Си активирам овесот пак, си активирам овошјето, лебот што си го почнав пак ќе го џитнам и ајт. Божем цело време протеински ќе терав, ама се опуштив. Не за друго, да не наштетам на бебули, друго не ми е мака, јас еднаш нели симнав, ќе симнам пак и повеќе од тоа.

    Добра ноќ мешиња!
     
    На Ano, Rtulka, Thinkerbell. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.821
    Допаѓања:
    7.020
    Пол:
    Женски
    На државно не прават серклаж после 23та недела ама затоа на приватно прават до 26та мислам, можеш да се распрашаш за таа опција.
     
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    9.679
    Пол:
    Женски
    Од пред неколку години имам проширување на вена во едната нога, меѓутоа освен крем за повремена масажа немав потреба од друга терапија. Сега последните 2 дена баш во таа нога околу колено чувствувам болка повремено. Да напоменам дека работата ми е со седење и се обидувам повеќе пати во ден да се движам.
    10+5 недели и од позитивен тест земам аспирин. Често се замислувам дали случајно постои можност од создавање на тромбови или аспиринот е доволен да се спречи тоа?

    Крвна слика правам за една недела, меѓутоа на упатот нема пишано испитување на д-димери. Размислувам тоа да го испитам приватно.
     
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.563
    Допаѓања:
    38.818
    Пол:
    Женски
    Со упат од матичен гинеколог можеш димери и хемостаза да испиташ бесплатно на трансфузиологија и да се консултираш со трансфузиолог. Ако има потреба ќе ти препишат и клексани.
    Можеш хепатромбин да мачкаш, дозволено е во бременост.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.265
    Пол:
    Женски
    Обавезно консултирај си трансфузиолог. Тој ќе те упати понатаму што да правиш. Јас имам на двете нозе испуштени вени и сум со мутации. Примам клексан и аспирин ама др. Јани ми ги проверува и вените кога одам на контрола. Мачкај Хепатромбин или Лиотон гел, јас ги чувам во фрижидер и кога ќе се намачкам многу убаво ми доаѓа. Жешкото е ужас за луѓе со проблематични вени.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cherry89

    cherry89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Женски
    Еве ме пак, одморена и освежена :inlove: Фала ви девојки на сите за честитките! Ја дочекав Котларова од одмор, она ме породи :D До вчера бев многу опуштена на тема пораѓај, ама вечерта наеднаш ме фати некоја паника и му се изнаплакав на мм дека нема да издржам и ќе се измачам, многу реално ми стана зашто ми беше термин. Па со саати се убедувавме дека ќе преживеам :D И во глобала мислам дека релативно брзо поминав, од почеток на контракции до завршување на пораѓај поминаа точно 5 саати. Ми се исполни желбата за природно, иако беше неизвесно зашто сум со висок крвен притисок, ама ми го следеа цело време и успеав! :muscle: Брзо и го истуркав бебето и мислам дека се преродив, бев зен со саати после тоа :D Лесно, убаво, вратена на себеси, со бебуш до мене :inlove: На сите ви посакувам да си поминете брзо и лесно и што поскоро да си ги запознаете малечките! :inlove: Фала ви за сите одговори на моите прашања на темава, ве читав редовно 9 месеци иако не бев некој многу активен член, па и дека со прва бременост не си дозволував да делам многу совети на други, освен ако за нешто не бев ептен сигурна дека е така зашто во моментот можеби и јас сум поминувала низ истото. И јас како и други породени ќе си останам на темава уште некое време, па ако имате прашања за докторката или пораѓајот слободно прашувајте :D:hug:
     
    На Martka, VirgoStar, MeowMeow и 40 други им се допаѓа ова.
  8. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.311
    Допаѓања:
    4.959
    Пол:
    Женски
    Честитки да сте живи и здрави!
     
    На cherry89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Звездичка30

    Звездичка30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Cestitki neka e zivo i zdravo bebenceto golemo da raste i mnogu da ve raduva. ❤️
     
    На Rtulka и cherry89 им се допаѓа ова.
  10. Bizbiz

    Bizbiz Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    На Rtulka, Coco31, macalavica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. pikachu2

    pikachu2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.564
    Пол:
    Женски
    Јас се разбудив наспана после два дена и да видам како сте.
    Бебе ми фати некоја инфекција па ќе бидеме тука уште некој ден, искрено не се ни осеќам спремно да си одам од замор и болки.
    Штедете се и лечете хемороиди на време, со цимеркава пекол видовме, особено јас поради напонот со големо бебе, се плашам да јадам од што се огромни и болат, јас болка на рана од нив не осеќам значиии страшно.
    Сега ќе куцам породилно искуство во другата тема за да не се повторувам па која ќе е со желба да види ете да знаете барајте ме во таа тема.
    Ве гушкам и ви посакувам побрзо олеснување без страв.
    БОЛИ, ама е единствена болка што вреди да се трпи во животот! :inlove:
    Мајки паничарки, се читаме во бебешки теми, ќе ве проверувам и тука од време на време, ќе фалите :sun::sun:
     
    Последна измена: 30 јули 2022
    На Bizbiz, TheGoldenPeach, ivance.. и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.937
    Допаѓања:
    9.901
    Пол:
    Женски
    Девојки пак јас.
    Го мислам скринингот од вчера....
    Ги гледам мерењата пак....јас сум 21ва недела а мал мозок е пишано одговара за 20та недела.
    Иако Котларова не рече ништо ,веројатно е нормално,сепак го мислам...
    Искуства некој со ова?
     
  13. GoldenFrida

    GoldenFrida Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2021
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.551
    Пол:
    Женски
    Опушти се се е во ред мерките варираат од 28ма све ќе е различно :)
     
    На Alexandrite, Misskirova и Srcka28 им се допаѓа ова.
  14. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Ако нешто не е во ред, ќе ти кажат. Особено за таков екстремно битен орган, ако не се развива како што треба, сигурно ќе ти кажат.
    Ехото не е 100% прецизна метода, секогаш постојат отстапки.
    Ако земеш да се нервираш и стресираш на секое, што ќе постигнеш?
     
    На Coco31, eli25, GoldenFrida и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    5.795
    Пол:
    Женски
    Нормално е да има отстапки од неколку дена, дури мислам дека толерираат и до 2 недели максимум. Ако имало нешто ќе ти кажала докторката.
    Првото секогаш имаше поголема глава за една недела, а со меше доцнеше 2 недели во еден момент. И стварно се роди слабичко, со голема глава. Како лижавче беше. :D
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.937
    Допаѓања:
    9.901
    Пол:
    Женски
    Фала...да не сте вие вака да ме смирувате ке се мрднам :D
     
  17. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.311
    Допаѓања:
    4.959
    Пол:
    Женски
    Девојки добро утро денес ми појде денот, изедов хумус за доручек а тој да бил со поминат рок повеќе од еден месец, страв ми е да повраќам да не напрвам контракции. Здробив две активни јагленчиња и ги испив сега растворени во вода, ваљда нема да добијм некое труење, па уште и пржев некои тортиљи со киснати снегулки семиња и секакви глупости. Ке се напијам и пробиотик, незнам што друго да напрвам, дали да и ѕвонам на матичната?
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.265
    Пол:
    Женски
    Мислам дека од хумусот ништо нема да ти биде. Ако ти е мисла, консултирај ја матичната ама ти веќе презеде тоа што треба т.е јаглен и пробиотиок. Само смирено, ќе бидеш добра.
     
  19. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    595
    Обично има уште неколку месеци рок од тоа што е пишано :) ама ако се чувствуваш посигурно консултирај се со матичната:)
     
  20. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    1.937
    Пол:
    Женски
    Девојки и јас да се пожалам икао мојата бременост е многу мала 5 +1 недела сум,сабајле имам една точка розева крв и толку на бришење.Симтоми некогаш ми се на максимум некогаш како да немам никаков дали сето ова е нормално,инаку имам два спонтани се имам испитано терапија примам утрогестан и прогестерон витами пијам додека да одам на контрола ќе се шекнам и незнам како би издржала недај боже трет спонтан.