И пишав и нејзе, исто ми кажа, јагленчиња да испијам, пробиотик и ланзул за желудник, ама ланзулот не го пијам, ептен ако почне да ме боли желудник.
Хумусот нема ништо млечно и кварливо, така да би требало се да е во ред. Пиј и многу јогурт. Најубаво сама да си го правиш дома, од високата тегличка наут што ја има во Кам/Стокомак, само убаво го измиј.
Јас се породив пред некој ден со царски. Цело време ми кажуваа бебето е мало, неухрането, малку плодова вода, тахикардија, на крај излезе 3200 грама, баш нормално бебе. Така да, не си прајте стресови, не земајте се здраво за готово, гледајте микробиолошки да е се исправно, да си пиете витамини, се ќе биде во ред.
Јас имав изедено буџосан кашкавал и ништо не ми беше, и тоа е млечно плус. Јас тогаш паники кренав ама ништо не се случи.
Не се секирај се ќе си биде во ред можам уствари не можам да замислам колку си уплашена дека си имала спонтани јас од кога разбрав дека сум бремена во 4 недела до 6 недела до срцева реакција ќе се шекнев психички ниту можев да спијам ни јадам со страв шетав по малу мислиш готово спонтан ќе добијам и само градиве ги допирав а многу бев уплашена пошто и се случи на другарка ми спонтан и си мислев готово и јас ќе имам а плус и 36 год. што не се многу ама пак не се ни малку одмарај повеќе лежи пијај си терапија и се ќе биде во ред.
Ако бил расипан хумусот ќе знаеше верувај јас го отварам и го заборавам па одма се расипува и нема шанси да не се сети, а ако не е отворен има подолг рок од напишанот. Плус леблебија е, нема што да ти е. @kikikikirika честитки, да сте здрави и живи!
Честититки до сите мајки здрави и живи да ви се бебињата периодов што се породивте бар си се олеснавте си викам леле тешко тие што се пораѓање на лето јака им душа како издржвет на овие горештини.
А зошто толку ги анализираш мерките кај мене на сите пишува различно едно одговара на 21 едно на 20 а јас скоро 22 недела бев докторот рече се е супер и толку не се оптоварувај со тоа кај никој не се биле сигурно идеални мерките според неделата а тие се менуваат
Женски се секавате кога се мислевме дали бебињата да ги вадиме од болница во кратки или долги Среќа земав на кратки, па за дома под клима ќе комбинираме
Честитки, да е живо и здраво Тоа дојдов да го пишам. Јас купив се на кратки, па и за вадење. Среќа мајка ми и купила блузички на долги. Велам среќа. Бебка се роди помала, во породилиште е доста климатизирано и дури на моменти мене ми беше ладно. За излегување не ми дозволија на кратки, па и облеков долги. И дома е на долги. Патронажнaта спомна додека да качи нека е, после боди. И малку залади, ама ние сме на клима дома. Ете требало и на долги да се има. Да си знаете.