Здраво мајки, имам неколку проблеми па да ми дадете некој совет, ме боли желуднукот, пред 2 дена изедов потешка храна и никако да се смират грчевите во желудникот, пиев чај од нане, малку ми помогна и чај од камилица, но дали можам некои лекови да се напијам за желудникот ако не можам да издржам, инаку сум 18+5 дена бремена. Друго сакам да прашам, дали некоја има постелка која е нехомогена со лакуни и дали и се случило да прокрвари како во мојот случај, ми рекоа да мирувам постојано, само до тоалет и имам кафен исцедок од време на време, инаку примам и клексани. Фала
Офоцијално го прогласувам Август за отворен месец Јас денес се породив. На свет дојде и мојата принцез крофна
Во твојата состојба ќе бараш одговор само од доктор, форум не е за вакви прашања. Нека ни се живи и здрави бебињата од овие 2 дена, машала така у ден два сите раѓаме па некое затишје. Јас синоќа бев на свадба, имаше уште една трудница и кога ја видов неа и себе се разочарав, она скока рипа на штикли, ја едвај достојав за слика и одма балетанки. Она со хаљинче широко и и стои бре, не е ко шатор, ја у црно струкирано да крие па не ми се свиѓаше како ми стои. Се видов на една слика колку сум грда и не ја земав, не ми се свиѓаше, и викам на таа од студиото ти да се видиш ваква на слика би ја зела? Ме гледа и си вика Шо и е на оваа... А од страна сите ми викаат Леле колку си разубавена, а јас се осеќам грдо и дебело, да многу тешко ми паѓа дебелината, еве кажувам, сега сум скоро па колку што бев кога останав со синко и мака ми е, морам да се вратам на стариот режим на јадење, лебот бел да го џитосам, а мене ми се јаде ми се плаче.... Пред да ослабам јадев и не ми беше мака, сега мака ми е, се нервирам кога ќе треба да јадам, се надевам откако ќе се породам брзо ќе си дојдам при себе, не ко со синко. Бебе нигде го нема, дали од тоа музиката синоќа, од трчаници деновите баш е мирно. 18та недела ја ситнам и официјално, па си викам рано е толку често да го осеќам. Леле одам кон средина, кога дознав дека сум трудна, кога дојде средината. Летово некако го истеравме, зимата р кратка и брзо ќе дојде јануари, или ако избрза и овој батко декември. Убав ден лејдис, да напраам нешто ручек па да средам од вчера од спремањето по дома.
Мешиња ајде тие што сте како мене да ми кажете дали имаме слични маки матичниот ми е на одмор и нема кој да замарам инаку во ден по 2 пати звонам, вака 24++ сум и некако последните денови ми теже мешето немам грчеви него само тежина и многу тешко дишам како да имам грутка и не може воздухот да помине сега мерев притисок 100 со 60 што мислите нормално ли е за овие недели
Ааа вие како договорени со @Erika.greeneyes Да е жива и здрава крофната, август со женските распали на најјако
Јас прашувам за искуство, тука се пишува за се’ и сешто, секако дека ќе се консултирам со доктор.Фала.
Мене од 20 гн ми кажаа дека имам лакуни и ги следевме на секој преглед, ама до крај не ми направија никаков проблем, се породив 38 гн. Инаку мирував од други причини, ама мислам дека не е страшно, како што ми објаснија докторите , лакуните се честа појава, само треба да се следат. Со лесно
Со @Mari-Li ќе си почекаме уште. И @GoldenFrida беше тука некаде. @V.N. Честито крофничка мама! Живи и здрави да сте значи како се погодивте со @Erika.greeneyes