Дечки, дали се соочила некоја со истово. Скоро 29та недела сум, а од 25та сум на строго лежење и мирување. Претходно бев доста активна. Е сега, откако сум дома, не знам дали од промаја што си правам за да биде поладнечко дома, или некој вирус ми донесе сопругот, имав малце како навидум затнат нос и отечено грло, ама нормално си функционирав, не да не можам да дишам. Дишам преку нос . Е оттогаш сум почнала многу да хрчам навечер. Вчера сфатив. А инаку се чудев зошто толку суво грлото, и ме тера многу вода да пијам (вчера баш мерев 4.5л вода сум испила дента) од една страна е добро за хидрирање, од др страна си викам да не ги оптеретам бубрезите, дежурна во вц нонстоп..ама па ми се пие. Како да се запре хрчењево, вака ако биде бебибињата ќе не можат да заспијат, здравје
Отекување на носна слузница, а со тоа и хрчење е нормално во бременост. Јас претходната бременост на крај страшно многу почнав да хрчам, мм кутриот само ме буцкаше да се поместам, а дури и сама себе во полусон се фаќав колку хрчам. Нормално е од хормоните, ќе се среди откако ќе се породиш.
Фала Богу. Ќе му кажам на сопругот, ми вика: за в зима сите дрва ги исече Му викам подобро да ме буди да не се давам отколку да ме толерира. Инаку, да, и јас сама се сеќавам некогаш
Да се пријавам дека на 30 Јули се роди мојот син. 2 недели пред термин, но одлично бебенце од 3ипол килограми.
Женски поназад некој пиша рецепт за болно грло сол и лимон изгледа беше. Но не сум сигурна дали се правеше гаргара и дали е воопшто овој рецепт. Ако знае некој нешто ефикасно нека сподели од вчера лижам пастили но сакам уште нешто да пробам.