Лимон ќе исцедиш еден или два, и стави сол колку едно кафено лажиче или помалку ќе пробаш на вкус. Се пие, не гаргара. Има ефект. Никакви пастили нема да ти помогнат. Мене само ова ми помага.
@fana @Erika.greeneyes @V.N. (И сите нови мами што се породија на топлово) да пишат што избраа облека за изнесување од болница на бебушите. Кога можете мајки, не е итно
Честитки, да е жив и здрав На долги. Момава моја се роди мала, во породилно ладно, клима, дури и мене ми беше ладно на моменти. Не ми дадоа да ја изнесам по кратки. И дома еве, дека е под клима, е на долги. Ама мојата нема ни 3 кг уште. Се е до бебето. Не знам што да кажам, јас купував кратки, ама еве на бебка и е ладно.
Мамички пред 4 дена бев на цтг бидејќи имав како менструални болки и стврднувања, покажа два пати контракци, наредната ден пак бев мирно беше цтг, ме проверија и на ехо цервикс беше 36 мм грло не беше омекнато и беше затворено. Денеска пак имам од сабајле неколку пати стврднувања и мали менструални болки. 34 недела сум дали некоја од вас има слични болки? Дали да одам пак на доктор? Во петок имам закажано преглед кај матичната.
Јас си мислам да купам три комбинации за изнесување, една скроз на кратки некои ромпер шпикозни чорапчиња и патичиња,една горе кратки долу долги,и едни штикозни памучни на долги,па зависно каков е денот така ке го облечат. @jelo јас сум 33 недела,стомакот ми е камен веќе 3 дена,бебе послабо мрда,ама јас примав флостерон инекции за зреење во Четврток и Петок па мислам дека е од нив, утре сум на контрола кај матичната.Кај мене кога се стврднува стомакот цел е како камен цврст и оптегнат ама менструални болки фала богу немам.Повеќе ме боли кога мрда бебе,мислам дека сите органи ми ги шутира,и тегне,тогаш знае да ме заболи баш јако ама тоа се гледа и по стомакот дека се движења,не би требало да се тоа контракции.
Вчера ја имаа облечено по долги. Денес педијатарпт кога ја избања ја облече на кратки. И баш за истово ја прашав. Рече може и по кратки дека и нив им е жешко. Овде во Ремедика е ладно. Јас почесто ја исклучувам климата. За излегување и спремив горе кратки а доле по долги
Кај мене денес е многу активен баш како што викаш ми ги шутира органите и баш приметив кога мрда многу така ми се стврднува и малку боли ама далеку е тоа од силни болки или неиздржливи.. нека си седи уште две недели па после полесно ќе дишам уффф паника левел 99..
36+ сум ги имам истите симптоми. Ама ќе чекам до петок, тогаш си иди докторот од одмор се надевам нема да излези бебо до тогаш
Јас вчера бев на цтг , ми покажуваше болки , осеќав и јас како слаби менструални ама ништо страшно, ме прегледа докторката и со рака затворена сум скроз ми рече нормални се , се спрема матката , јас сум 38ма
Друштво пиете ли електролити? И кои? Мене ми препорачаа детски некои во зегин, не пијам многу вода, па овие ги зимам кога во текот на денот немам примено многу течности. Убаво ме освежуваат, само дали е ок да се пијат често? 33 недела сум бремена
NIKAKO PROPOLIS VO BREMENOST, vo konsultacija so dvajca lekari i apteka. Od vtor trimestar nit propolis nit maticen mlec ne smeeme @oblace1