И јас се плашев од пораѓај а многу лесно поминав. Мисли позитивно. Сега гледам дека и бременоста и пораѓајот не можат да се споредат со гледањето бебе. Уживајте уште малку. После зошто плаче, зошто не јаде, зошто не спие, зошто толку спие, зошто така диши еден тон прашања...
Да си се пожалам.. Многу ме боли кичма...многу....и стомак ама не толку како половина. Ме фака и страв а ваљда е нормално?! 22ра сум
Добра сум. Малку сосема ме наболува раната. Ама како што слушав други не можеле ни да седнат на газ, јас прилично добро сум. Бебка е супер само преку ден спие а навечер не спие истото како во стомак Малку ми е тешко со спиењево додека се адаптираме, ама па како ќе кажуваме дека сме мајки Ти како си?
Аххх спиењето сигурно е тешко, животот, темпото и навиките комплетно ќе ни се сменат Добра сум и јас и иако ми е рано ме фаќа страв од пораѓај и дремам тука на форум за да читам искуства од вас штотуку породени
Женски здраво Да се придружам и јас на мамички со втори беблиња на пат - момчиња. Ја знам желбата за девојчиња на @Jana06 и @AngelOfArh, затоа ве означувам. Ако има уште некоја, нека се јави. Да бидам искрена и јас си посакував девојче. Да ми прошараат низ плакарот фустанче со цветчиња, розевки бодиња, праска боја блузиња, ахх Ама можда и не бев толку одлучена, битно ми е детево да има уште едно другарче, да растат заедно здрави живи. Ама подлабоко си тлее желбата за моменце. За чудо, наоколу сите што ги знам, и блиски, сестра девер, кумови кумашини комшии и познаници, сите се со машки деца. Ко за промена баш си мислев дека е убаво да е женско. И вака да е убаво, дај Боже. Сила да имаме, па можеби и трето ќе бидне. Здравје здравје. Вас ве влече мислата за трето? Му велам на маж ми ти немаш материјал за женски деца, само машки пливачи имаш. Мажите го одредуваат полот нели? Зашто читав дека и киселоста на вагината имала удел. А мислам и некои пози се повеќе за едното или другото практични. Ако се решам, ќе ги пробам сите методи и со пазење на овулација, секс неколку дена претходно. Баш овде пишуваа членки што забремениле од еден однос, денови пред овулација и се зачнува девојче. Верувам во тоа. Машките се брзи со краток живот, женските се бавни а потрајни. И сега некој брз пливач ќе шишне ќе оплоди и се затвора кутивчето, па некое женче шо чекало изгубило шанса. Знам знам филозофии. Инаку, кога соопштивте на блиски, имаше реакции? Леле луѓе дека сиве наоколу де надеваат на розовко, мислам дека кога ќе кажам, и ако направат фаца, ќе се искарам. Свекрва сигурно ќе даде коментар, ама ќе ѝ речам со син ти разбери се.
Честитки мама, да се живи и здрави. Дупло повеќе гушкање ќе има сега Баш те мислев пред некој ден, знам ист ден со термини бевме.
@elenaklasik и две машки е убаво, синко многу сакаше братче, ама се погоди сестричка и се навикна. Третото вели братче јас не ни помислувам. Мажот одлучува за полот, т.е сперматозоидите, а точно е дека женските се поиздржливи. Кај мене со двете сум исто останата, на 2-3 дена пред да треба да добијам, ама јас не влегувам во статистика со доцна овулација и нередовен циклус тие што имаат редовна овулација нека кажат. За полот кажав одма на сите после прв скрининг, рано се виде кај двете. Е малку мм ја лажеше свекрва ми за второто дека е машко, ама и кажавме после и нормално пресреќна беше. Повеќето се машки во фамилијата и изгорена беше за внука, дури ме лути некогаш. Мене искрено ми е важно да се здрави и живи само, како и на сите нас нели, сакав женско ама и машко да беше немаше да се разочарам.
Јас ќе бидам со две девојчиња И со двете пред овулација имавме односи. Трето не сакам сега за сега, мислам и нема да сакам понатаму. Доста ми се, живи и здрави само нека се. Коментари имав и јас еден куп, ајде трето машко,оф ај нека се живи и здрави што дал господ тоа, и свеки медал да добие за дрдорење, еднаш,два пати,три пати, па дури и пред син и и свекор ми збореше. И реков што да праам што син ти само женски знае да напраи. Да сменам мајстор за машко, ако не е проблем, ама ја ќе имам машко дете, а не ти внук
Па овде прочитав, и за Гак и за Чаир. Сестра ми во најголемиот пекол на внука и облекоа предебело фустанче на долго на внука и имаше во сетот и панталончиња и сестрите дури и хулахопки побараа. Во старата гак ова. Абе па ти третото женско ќе се погоди, или идеме дур не се роди мома, до 4 до 5 до 6 шоебитно Мала шала. Јас сакав женско ептен, ама сеа си викам двајца синови, дупла свекрва, ваљда една од снаите ќе ми се погоди и ќе си оговараме до миле воље, лепота, па после тројца мажи дома, има да ме гледаат ко краљица. Стварно не е важно еј, важно е да се живи и здрави, мене па ми е ќеф дека синко се радува премногу. Си лежкам дома, а имам за спремање колку сакаш, и да се туширам треба пред фризер, а јас уживам. Ќе се спремам, битно подарокот е спремен, нема гајле, се надевам граница нема да не фати многу гужва. Едвај чекам, многу сум возбудена за свадбава. Само да не не докачи некој ковид по пат.
Абе што Ја кога дознав дека е машко прво што реков беше “ Леле колко добра свекрва ќе биду има сас снашку ми по врл дн да си оговарам” ))
Сперматозоидите го одредуваат полот. Јас имав само два односи тој месец, еден два дена пред овулација и еден на ден на овулација. Не знам од кој однос се зачнало. Инаку машко носам
Кики, јас имам порана овулација. Ми се смена последнава година. Значи околу 12ти ден. Јас по тоа правило треба одма по менструација секс, ама не ми се сакаше, се ме влечеше на овулацијата Како помала се замислував со момче и девојче, таква машта имав. Најбитно ми е што забременав, и покрај што сум терсене плашливка, и да биде се добро, здрави живи само тоа велам. Инаку сега желбата ми е 4 деца, 2 машки 2 женски, за со нивни фамилии од се по нешто да си се: и тетки стринки вујковци хаахха Seven Heaven муабетов. Убо де, смеам да фантазирам ак не па И тебе коментари? Море арно си ѝ рекла. Не не, не ќутам, само нек изусти нешто. Мене ме пецна еден коментар за првата бременост со син ми (ок, не е пецкатор ама сепак, знаеме трудна жена е поосетлива) и сега им кажуваме дека сум бремена, јеее очекуваме убава реакција (таа веќе осетила нешто) и втор муабет за полот, и таа се избацува "јас сакам женско да е" ама направи една фацка ко на дете бонбони кога не му даваш и се набусури. И јас си поќутев. А си мислам после мори ем сум трудна, внуче ви носам, ем имав потешкотија, чекавте 3 години скоро и сега со та фацата ќе ја топориш и желби ќе кажуваш ко на дедо мраз?? Затоа сега знам шо ќе очекувам. Затоа и ве прашувам дали и вас така ве тормозат.
Јас после спонтан во 4 месец сега кога кажавме дека сум бремена добив коментар, немој само 30 кила да се поправиш ко некоја си таму Сакам да кажам, не се замарај за коментари. Битно вие да сте добри, живи и здрави.
А бе арно велиш, пак ќе имаме ќерки - снајките хихи. А кога гледам и накај 40ка жени си раѓаат 3то 4то баш им се восхитувам и си велам оти да не. Гледаш шо е брз пливач Има има врска, се заинтересирав сега, ќе читам статии.