Терминот не се менува, тој е, од старт. Спрема последна менструација и први мерки, евентуално ако е касна овулација, но и тука од старт кажуваат. Се покасно е индивидуално, генетика и сл. Бебчето да е 1-2 недели поголемо или помало, но не се менува терминот на пораѓај. Некое може да се роди 3000гр во 40та недела друго 4500гр. И двете си се термински бебиња, само некој грам и цм плус или минус од некој просек, ништо више.
Мене минатата бременост бебето цело време ми беше помало, ама цело време терминот ми го водеа по циклус.
Јас собрав од цело Скопје по нешто. Ако можеш и ако имаш од некој да земеш облеки, јас тоа ти го препорачувам. Најмалку се носени тие облеки до една годинка. Страв ми беше дека ништо ќе немам, испадна повеќе облеки од мене ќе има. Освен панталончиња. Е тоа треба уште 2-3 да земам бар. Дури чорапи еден тон ми се собраа, џабе купував. Цел ден машина пере, јас сортирам. Нешто докупував јас, нешто ми докупија од сите страни. После кога ќе ги надрасне, ќе чекам некој друг да се породи па да ги дадам. Мој совет, не купувај многу, ќе ти купуваат сигурно баби, стринки плус и секако ако има некој бебе поголемо да земеш нешто.
Јас да се замешам малку. По препорака од членките се одлучив за вреќи за спиење. Купив и јорганче, ама планирам тоа да го користам после една годинка. Има во Локо Кроко многу убави и дебели. Едно пролетно и едно зимско си земав. Ме предомислија за јорганчиња и ќебенца да не се покрие несакајќи врз глава. Како што сум параноична, не ми треба тоа да го мислам. А овие на патент, нека проба да мрдне да го видам
Сега кога ќе отворат х&м ќе видите дали ќе ги донесат вреќа шпикозни. Мене првите 2 зими тоа ми беше најпрактично, само да не ви е претопло дома.
Хахахх, се изгагав и за такви. Господ здравје да им дава на овие со пораснати деца, ме обезбедија до 4-5 години
Благослов е, ако има кој да ти даде. Јас детево го израснав со алишта од внуциве. Особено јакни и зимска гардероба. Купував само тоа што мене ми беше мерак како дополнително, ама секогаш плакарот му беше преполн. Сега дека потпораснаа па они не менуваат толку, ама па и детево мое не менува толку, па таман
Здраво девојки, јас сум 40+3, бебето не сака да излегува. Уште од 37ма недела ми кажаа дека ми е многу зрела постелката и кај и да е „деновиве ќе се породиш“, па еве 41ва ја терам. Грешка направив што им кажав на блиските, па сега сите се во исчекување и се нервирам само ме прашуваат кога кога кога, како си како си, ајде кога ќе се породиш, како јас да знам. Ако беше како што докторката кажа, досега требаше веќе и од болница да сме излезени и ред за спиење да имаме фатено. Болки тек денес добив, многу слаби менструални, и тоа после вагиналниот преглед, си реков ајде тргна процесот, ама па сега се послаби и поретки Еден ден сум храбра, си викам ајде ќе издржам ќе го турнам, најприроден е пораѓајот, наредниот ден ме фаќа трема, како ќе издржам, што ако треба царски итн итн, на сите страни со мозокот. Почнав и да сонувам глупости, пола ден крш се осеќав зошто имав остатоци од сонот во глава -.-
Јас цела бременост имам. Некои денови повеќе, некои помалку. Гаќи и по два пати на ден менувам сите брисеви ми биле чисти и уринокултура секој пат кога сум правела. Мислам дека е нормално.
И јас ги благословувам, плакарот полн, јас ако потрошив 2000 денари за да не сум ееептен cheap Мислам дека пола нема ни да стигнеме да ги облечеме.
Да ја штити денешниот празник , да се избори до крај јуначето кое побрзало многу Нема откажување, позитивни сме сите дека ќе успеете
Утре сум на преглед и ќе закажиме дата за пораѓај.. Цел ден сум со панични напади, тахикардија, се препотив сто пати. За првото не ми беше толку страв, сега на милион работи мислам. Не знам како ќе поминам со вакви паники
Јас те разбирам потполно (мене ми е прво), иста сум паничарка најголема. Не се секирај, диши длабоко, мисли позитивно, секако се ќе биде во ред, помисли на моментот кога ќе си го видиш бебчето
Девојки знам дека не е за тука ама во другите теми не ми враќаат. Имате искуство со студио Гага во Сарај за шминка и фризура? Закажав ама не сум сигурна....