Фала ти. Ке идам нареден месец ,за на свадба ми е шминката. 1000ка им е сега пакетот ама не е скапо . Се надевам само да ме напраат убава.
Претходната недела а бе цела недела ме болеше грло се трудев да го балнсирам нешто со прополис, пантенол, лути бонбони а од синоќаа мислам дека нешто ми се спушти на плуќа леле како почнав длабоко да кашлам давајте совет нешто што да правам 39 недела сум, утре сум на лекар до утре барем шо да правам/пијам…. мораше ли баш сега
Имаше еден сируп што го пиев кога имав корона а и овде го збореа членки Алпенкрафт мислам беше...нека кажат и другите
Се лакирате на ноктите на рацете и нозете? Безбедно е? Ако знаете некој лак побезбеден, знам дека состојка што треба да се избегнува е формаладехид. Ме фати мерак за лакирање, ептен се забаталив, малку бар да се потсредам.
Алпенкрафт е сирупот ама ако мислиш дека ти е спуштено поарно да одиш на матичен да те наслушами ако треба и антибиотик..со лесно
Цело време се лакирам, на рацете ставам гел лак, на нозете се лакирам со обичен. Слободно лакирај се и не се стресирај до толку околу такви ситници
Алпенкрафт сируп ми помогна мене и Ацерола витамин Ц на Алкалоид тие што се за лижење. @elenaklasik како не толку токсични (без формалдехид и толуен) кај нас се лаковите на Essence Color & Go, тие ги користев неколку пати во подоцна бременост. https://prezi.com/el3aifj35hpg/essence-colour-and-go-nail-polish/ А еве и од Биодевојка нешто: http://biodevojka.blogspot.com/2015/06/blog-post_20.html?m=1
Јас се лакирам цело време ама почнав на нозете да не можам да си ги докачам и сега си купив печка и си ги правам со гел лак и повеке време ми стојат не се лупат, можеш слободно да си ги лакираш и средуваш
Слободно се лакирај, ама ако ти е шубе не иди скроз до кожата, задржи се само на плочката на ноктот. Кога ќе ги бришеш за следно лакирање, прво стави си крема на кожата околу ноктите, па тогаш ги бриши.
Денес го отворив породилното, сакав порано зашто сум пријавена преку мм, дали мора уште веднаш да го однесам кај сметководителката или има време со оглед на тоа што во септември ќе ја пресметуваат оваа плата?
@olly14 Како сте ? Јас од вчера кога се движам некои глупави болки долу кај стомаков имам, кичмава не знам дали ме боли уште од што се укочив или зашто се движам.. Бебе гура ли гура, мислиш ќе излегува само Да влезам во 9ти па да се опуштам. А осеќам тогаш ко @Yowannty ќе бидам, нема да сака да излезе
6 месец сум бремена. Во едната ноздра имам полип од кој не можам да дишам. Дали е безбедно во оваа состојба да ми го извадат? И дали на некој му се има исто случено?
Јас со синко од почеток бев со многу крварење на непцата, кокошка ко да си заклал во уста, ништо не ми помогна. Сега користам една мека четка на ОралБ и Сензодин паста али пијам и витЦ од 1000ка и мислам дека тоа најмногу ми помага да не ми крварат непцата а веќе сум 18 полна недела. Умор, умор, умор... Ќе пукнам од болки во кичма, ниско во стомак, ама се ми е од умор. Ќе одморам денес утре, оти ми е за чистење за средување леле мале. Свадба од 3 дена е ипак свадба од 3 дена, колку год не била моја туку на братучед. Башка на 250км од тука, е многу е. Пола викенд во кола го поминав мислам, налет. И многу ми се спие, премногу!
Еј недај боже како мене! И првото ми беше ситно надносено, ама второ бебе надносено 2 недели..со сите пропратни болки и плус тодлер? Пукнувачка. Влагај во 9ти, олеснувајсе и да јадеме мекици.
Сега бев во Синсај. Ауу човече какви работи има за бебиња...преубаво а ефтини. Многу ефтини. И пак со моите прашања.... Значи му облакам боди,па шпихозни ,па врз тоа пример тренерчиња или е ту мач ,? Доволно е боди и шпихозни? И дали треба хулахопки... Зимско бебе ке биде .... Леле милион прашања имам...ништо незнам
Премногу облека е боди, шпикозни и тренерки. Моите двете беа зимски бебиња и во зависност колку била температурата дома, така ги облекував. Обично беа на боди на кратки и шпикозни над тоа. Полани зимата бидејќи ни беше многу топло дома, синчето често беше само по боди на долги. Лани имаше рестрикции на парното, па беа со боди и шпикозни или тренерки тенки. Хулахопки по еднаш им имам облечено, на минусни температури надвор за шетање.