Девојки на колку време ви закажуваат цтг во 9ти месец? Јас бев еднаш во 36та, денес сум полни 37 ама докторот наредна контрола ми рече дури следната недела. Да не е многу растојание две недели? Дали да појдам неделава уште еднаш кај матичната? Инаку се си е уредно, ама пусти мисли и паники.
Од тоа ти што во моментот го носиш плус еден слој на бебето. Значи само боди на кратки и шпихозни по дома. И зимско бебе да е, дома сигурно ќе ти е топло. И на него треба комотно да му е, да мрда. @Yowannty некако далеку ми се гледа 36та недела 32+2 сум
Aбе води се по тебе, ти облакаш боди, (пример ко за возрасен) ѕиври, поткошула и тренерки? Не, нормално, епа на бебе боди и шпихозни или тренерки, ама ИЛИ, не задолжително двете. Јас имав летно/пролетно бебе, сега со зимско поинаку, ама планирам исто, боди и шпихозни, памучни, не плишани. Јас имам од бато се, дури и плус што ми давале, не планирам да купувам за по дома, е за искачање од болница ќе земам, за молитви, за ваму таму ако идеме, нешто подебелко пошто ептен е зимско, декември/јануари, а толку дебели мали немам. Што вика Катенце, дома ни е топло не ни е ладно.
Добар ви ден милички се надевам сите сте добро, за два дена влегувам во 11 недела и сега во петок одиме на море и сакам да се депилирам но некако ептен се плашам што мислите вие?
Да редовно се депилирам, си мислев сега само нозете друго ништо да не чепкам инаку со брич порано многу ме чешаше..
Јас се депилирав баш тој период 11-12 недела и тоа овој пат малку подолго не бев депилирана претходно и ок поминав. Секако договорена бев со жената што ме депилира дека пробуваме и ако не иде ќе престанеме. Ама јас издржав без проблем и сега редовно ќе одржувам
Ме интересира оние што имале бебиња зимно време а се грееле со клими...топло ви било? Ние сме нови вселени..зградата е нова ,сега пуштена.. две соби имам и двете се со инвертер клими ,немаме парно ,ама бидејки ке бидеме со бебе ми е страв дали ке биде доволно топло? @Звездичка30 и јас се депилирав цело време.
Ќе биде, не треба да биде топло да не се дише, 24 степени да одржуваш ете дека ептен новородено да не го претрупуваш со облека, иначе кога ќе опркне 22-23 степени е сосема ок. Спиење на 18 степени, во врекичка. Инаку и јас се греам на инвертер, само чистете ги редовно филтрите и нема гајле, ем потопло ќе биде ем нема мака да имате од климата и готово.
И мене исто на ГАК бев 36та недела и тоа не ми ни правеа ЦТГ само ме видоа на ЕХО и наредно за 2 недели ми рекоа, освен ако не фатат болки или са пукне водењак....
И овде пробуваат да наместат па после царски. На моја познаничка прво пробаа, не се сврте и царски во 39 недела. Ваљда дека прворотка. Мене во полна 38 ма ми закажаа.
A procistuvac na vozduh treba li? Jas sum isto samo so klima pa mi e strav da ne bide suv vozduhot, sepak vo zima so malo bebe ... U zvunka sum, deka prvo
Само прочистувач нема да ти заврши работа. Ќе ти треба комбиниран со навлажнувач или само навлажнувач, зошто од клима паѓа влажноста. Кај мене само што ќе продува климата влажноста паѓа минимум 5%, а тек ако цело време дува. А пожелно е влажноста да е 40-60%.
Јас бев сега на неколку дена и кај матичен и на приватно. Инаку така и мене на 10 дена, ама јас од страв комбинирам на две места Ако ти е мисла или заприметиш намалување на движења можеш да одиш сама, така ми рече мене матичниот. Инаку нема потреба, милион прегледи направив јас
Здраво друштво. Нема да пишувам што и како се случи. Конечно сме заедно со синчето и за неколку дена ќе сме дома. Добри сме сега и тоа е најважно. Ќе ги надоместиме сите пропуштени денови и ова ќе остане зад нас како лош сон. На сите кои во меѓувреме се породивте од срце ви честитам, да ви се живи и здрави бебињата