Девојќии вака значи и пред да останам бремена имав проблем со испуштање гасови на почетокот на бременоста осеќав тежина болка но ми кажаа дека не е страшно дека си е се супер со бременоста и фала му на господ така е е сега на крајот на второ тромесечје или почеток на трето пак истиот проблем значи не можам да испуштам гасови цревата ми се полни со воздух и имам болка знам дека е од тоа затоа што и малку да испуштам веднаш ми олекнува како да си помогнам дали некоја се соочила со ваков проблем
Некоја храна ти смета,пробај исфрли нешто.Мене ме дуе тесто,и тестенинини.Плус можеш да земеш еспумисан,тие се дозволени во бременост.
Дали сте имале период во бременоста каде што не ви се јаде буквално ништо? Се осеќам гладна ама неможам ништо да ставам во уста,од сабајле само една краставица изедов,потоа една кришка со крем заедно со ќере и толку,а ми се јаде.. Да напоменам дека ниту ми се гади ниту ми се повраќа..
Истата сум и јас, мислам дека е од топлово , овие 2 дена ништо неможам да јадам а мртва гладна сум. Пијам само ладно млеко со Несквик тоа ме одржава.
50 ка шпихозни не најдов и јас, имам само едни во кутија од Wenice, idil baby пишува на кутијата идат со ракавички и капче. Земав бодиња на преклоп од стружанка 50ки по 220 ден, и во синсеј земав панталончиња, идеа по 2 пара за 300/400 денари, ама тие од синсеј се 56. Мислам дека се панталончиња полесни ке бидат за прилагодување и да не најдам 50ка. А онлајн не ми текнува каде може да има. Ваикики имаат сигурно 50 ки, и помали има таму ама немаат онлајн продажба. Јас имам само едни, слични на овие 50ка.
Девојки, денес бев на контрола и ми кажаа намалена плодова вода, тек сум 34+3. Тоа значи дека брзо би било доаѓањето на бебенцето? Кај со скратен цервекс, па и ова сега. Си велев бар до 36 недела да протуркаме
Јас земав од идил-мамино бутикот е а роба од нив и венис и сите се 50-56 пише на нив и комплетче исто така во кутија исто 50-56
Јас девојки купи од Синсај за од 0-3 месеци. 62ки се ,ама ми кажаа таму од кај нив секогаш едно бројче поголемо зашто мали им се бројчиња, незнам дали згрешив стварно неам претстава ама пошто земав само бодиња коа ке се стави пелена ваљда океј ке дојде ....али ке видам ,ке земам и 56ки ама од друго место...
Идентичен проблем. Гасовите ми предизвикуваат таква остра болка долу, дури и мислев нешто со матката не е во ред затоа што ме боли баш кај резот од царски... По испуштање ми олеснува енормно.. и така сум раат неколку дена додека не изедам нешто што веројатно не ми одговара а сеуште не можам баш да проценам, исхраната ми е скоро идентична како порано. Единствено некои адитиви во зеленчук/овошје да не ме реметат дополнително ..
И јас земав од синсеј, 56ки имаше и баш се помали, ама таман ке се за новороденче. Веројатно не им се точни мерките, многу е тоа за една недела, ама нели не се прецизни баш. Јас сум 31 недела, денес на преглед 1800гр, се мислев дали ке си порасне до крај, ама ако е вака како кај тебе да не се секирам
Не се секирај, само почести контроли, можеш да истераш до 36/37 без проблем. Имаше и тука членки со намалена плодова вода па термински се породија.
На мојава и тие 0-3 некои и се големи, некои и се таман. Зависи изгледа како се шиени. Јас само такви и имам купено. Имам само едни шпикозни изгледа 50ка се, мали и се. Инаку сите алишта ги направи со млеко од што е многу лакома многу брза и потоа плука Се што и купив прифати одма. Шише имам стаклено на авент кога и давам некогаш дохрана, а цуцла имам на нук.
Исфрлај нешто од нешто и види што ти смета тоа скроз исфрли. Млечни, леб и бело пециво, месо, некоја салата (зеленчук), овошје, благо... Иста сум! Манџи да не видам, еве од сеа ја мислам за утре компир манџата, многу ми се јаде и знам дека утре нема да ја пробам. Дај ми суво, сендвич, пица, мачкан леб со кашкавал, шодае, немој само манџа. Денес на ручек се прејадов клавчиња и каснам само малку таратур и толку, не ми се јаде, а знам дека утре сабајле ќе кукам за јадење од рано рано. На сила едно лепче ќе каснам после ради реда. Јас сакам џанк фуд оваа бременост, душа давам за тост, пица, сендвич, чипс, чоколадо, мислам дека само тоа би јадела. Како ми се јаде еден Домаќински чипс сега, ауууу... Можно е да досредам се и да се тупосам у маркет да купам еден чипс оти нож до коска е за чипс дојдено. Јас како се навикнав на спиење пак на пладне, уште во 12 ми се приспива, во 1 си одам од работа и кома сум, до 3 најмалку, а некогаш и повеќе. Со дете барабар си спиеме, лепота. Навечер до 12 ко ништо си седиме, сабајле немам мака за станување. Ми викаат дека се осеќа и по мене посмирена и повесела сум била.
Леле иста сум,со тони можам да јадам тостови,грицки такви работи.. Грашок за ручек денес јас само мевцето си го исчепкав и толку..
Со синко јадев банани и бадеми, крофна еднаш у неделата ми беше врвот, со ова да можам нема кутлача да фатам.
Ми стигна денес фустанчето за искачање од болница 62ка. Инаку на страната беше од 0-3, се молевме да искача веќе, сега ќе се молиме да поседи да допорасне за да ја најдеме во него.