Честитки женски, нека ви се живи и здрави бебулињата! Леле ја на пола пат сум, уште толку колку досега и кај мене. Навистина би сакала да раѓам овој пат на време, не предвреме, односно во 2023 да го родам сирото да не мора да оди премало во школо. Реков не се жалам, ама пак го снема, не мрда, нешто е тивок. А да, да се пофалам, почнаа и маките за спиење и официјално.
Дали ви се болни движењата во последните недели? Ребрата мислам ми ги крши, само викам од болка вчера толку ми го креваше стомакот од туркање со нозете, мислев некоја белја ќе направи, па читав дека не е многу возможно. 37ма недела сум, веројатно и е тесно па турка така силно.
Денес правев за скриен шеќер испитување, нешто погрдо мислам нема, уште не можам да се стабилизирам, болка во желудникот вртоглавици.. Еве ги и вредностите 4,0; 5,2; 4,2 дали се во ред ?
Јас сум 35недела барем така мислам ме водат по многу термини и да имам болни движења, посебно горе од десна страна ко ќе удре ко да ме тепа некој и да прашам по колку е нормално да се качува килажа кај бебе во тој период за 1 месец?
Леле јас утре ке правам ама не ми кажаа ништо до колку часот вечер смеам да јадам, дали има некој посебни правила пред испитување на скриен шеќер... Инаку вредностите ти се супер
До 20h да си вечерана, после тоа не смееш ништо. И во 8 h наутро ти даваат блага вода да пиеш и три пати боцкање на 1h од вена.