Да се пријавам и јас за не спиењето Легнувам во 2 во 6 станувам и така секој ден,како гроги сум Кога ти е термин? И јас сум во 2023,12 јануари.
За опуштање на меките мускулни влакна т.е за грчеви јас пиам, прво по потреба почнав кога имав грчеви, а сега нон стоп од 33 недела наваму по препорака на доктор
Некоја членка имаше напишано дека можи цеден лимон да се испијат заедно со шеќерот јас така планирам да направам ако смее еднаш имам испитано скриен шеќер и не беше толку грозно но тогаш не бев бремена сеа сигурно грозно ќе ми е блага вода ми е бљак но ако можи со лимон помешано супер би било.
Само јас немам болни удари изгледа тука што ве читам, кај мене ми го изместува цел стомак а мене ми е онака тоа и наеднаш ко ке удри уопште не боли, мн нежно чупево ми е многу пати не ни знам дека мрда, стомакот ќе го видам дека мрда а јас не осеќам 34+4 сум
Не знам ама мене многу лошо ми беше, одвај издржав да не повратам, за да не треба пак да го повторувам. Да не зборувам за болката во желудник..
Те разбирам грозно е многу мене рано ми е за испитување но планирам цеден лимон да носам па ќе прашам таму дали смее да се пијат заедно.
Минатата недела кога мн ме болеше кичма ми ги даде Симонида. Ми рече биле за болки. Ама ми пишала 3×1 . А матичниот мој Парталовски рече биле како спазмекс и не реагираше убаво на нив за да ги пијам и нз што да правам сега. Веќе немам болки. Иначе незнМ како изгледаат грчеви...некогаш има моменти многу ме стега стомакот ама како затегање...незнам дали се тоа и дали превентивно ми ги даде Котларова?
Да за грчеви и болки и точно група спазмекс мислам се. И мене Котларова ми ги даде 3х1 а некогаш кога имам потреба може и 3х2. Јас на почеток ептен малку ги користев ама кога влегов во 8 ми рече нон стоп да ги пиам зошто имав стегања и контракции на цтг. Ако немаш болки не ги земај, па ако имаш потреба пак можеш два три дена пак да ги пиеш, мене така Котларова ми викаше па после пауза и по потреба, Тоа зборам за претходно а сега во 8ми нон стоп.
@Cloverrrr и мене ми беше така тие недели, нежно си мрдаше, некогаш и не осеќав само го гледав стомакот се мрда лево десно. Овие неколку дена во ребра и во дијафрагма силно осеќам, ама уште е високо кај мене, никако да се спушти малку. Под гради баш кај што се превиткуваат само гледам нешто тврдо ќе излезе, стапалце најверојатно.
А со киселини како стоиш пошто ти е горе? Кај мене е ниско и тоа плус прави да не осеќам у ребра ваљда
@Cloverrrr јас и ти блиско сме со термини. Па ај тебе да те прашам пошо си ми најблиско. Последна мен кога ти беше? Мене 16 дек и според неа ме водеа на 21 сеп па ми подместеа на 15септември, а сега на 2 септември оти сум имала голем плод незнам дали се водат според плод или менстуација.
Последен циклус 11 Декември а краен термин 17 ти Септември. Мене до сега по циклус ме воделе секаде а и јас имам поголемо бебенце, претходно за две недели а сега за 8 дена е поголемо. Докторката баш ми спомна дека јас ќе сум царски, дека се прави во 38 полна ама дека кај мене е малку поголемо бебето може и малку порано односно крај Август или почеток Септ ама е незначително мала разлика во денови, што значи сепак по циклус ме води. И мене не ми беше јасно баш прашував тука за поголеми бебчиња ама членкиве кажаа според циклус си е мерењто а и еве докторката го потврди истото. ❤️
@Cloverrrr ќути, не прашувај за киселини постојано имам, од се ме фаќаат. Нема погрдо нешто и во последно ништо не ми помага. @perlaa1 по циклус. И моето е големо, баш пред 2 дена ја прашав докторката, ми рече колкаво сака нека е дури не стигне во недела ко ќе е се развиено нема да пораѓаме. Освен само ако не излезе нормално.