Јас оти отидов по докторот па се офајдив. Мене ми беше битно докторите да се од државните болници излезени, Јемен и Елма Абдула, тимиште, не тим, ама џабе кога останатиот персонал беше катастрофа. На пораѓај не ти треба доктор, особено во државните, те пораѓа кој стигне, ти требаат асални сестри отпосле. Не сум раѓала на државно, не знам, ама од искуство на сите другарки, братучетки и сестра ми, докторот на раѓање ќе го видиш и толку, после маката се сестрите да се погодат оти тие се главни. Додуша исто беше и во приватната моја. А сестри асални се помалку има. Инаку дефинитивно ништо не ми значи шминката на болницата, музиката и мирисот, ми значи стручноста на тимот и постнаталната нега.
Ја носев цел пакет памперси, али ни пола не го потрошија таму (ептен ретко ги пресоблакаа, мене никој не ми кажа дека треба сама да го пресоблекувам, дури после третиот ден ми покажаа како се прресоблекува бебе). За влошки таму потрошив 4 или 5 паковки, по две наеднаш ставав. Дома не ги користев вир, продолжив со нормал клиник зашто не крварев обилно и не ми беа удобни вир.
Не се залажувај со небитни работи. Најбитен ти е докторот. Симонида е одлична, а ако си задоволна од неа немаш причина да ја менуваш.
Фала ти Да споделам и искуство, два пати што отидов на ГАК, првиот пат мислев дека ми тече плодова вода, имав зголемен исцедок и отидов. Докторот што беше дежурен не се позамара, имаше две специјализантки, ме измалтретираа максимално, спекулум не можеа да ми стават пола саат и само опушти се ми викаа, аман што да се опуштам, ме измалтретираа, инаку кај матичен никогаш не ми било проблем спекулум, језиво нормално ама ништо не ме болело, ваму катастрофа. И вториот пат отидов за клексани да ми препишат, исто две на смена едната вика со овие резултати треба, другата ми вика нема потреба ако немаш семејна историја на мозочни удари, срцеви итн... Така да муабетот ми е ако немаш никој, нит некој ке се позамара со тебе, нит ке ти кажат или објаснат нешто. И мојот матичен е ист зошто сум си лупала пари кога можело тоа и на гак имало стручни, да има ама не се стига до нив, вака ако одиш приватно ич не си стварај стрес да одиш да ти чепка некој пола саат и да те малтретира. Тоа е само мое искуство, може некој има подобро и си поминал убаво, не знам. Инаку и без никаква историја одат директно на пораѓај, односно после 35 недела на ЦТГ. Јас планирам во Чаир да се пораѓам и се консултирав со докторот што планирам да ме породи, да дојдам да видите се што како, ми рече после 35 та недела, има време, ке видиме се. Мислам дека ти доловив малку од малку што и како се случува, па ти одлучи си.
Секако дека при одлуката нема да ми влијае мирисот во ходникот,него ете имаше убава опуштачка атмосфера што и како е некогаш битно. За многу други работи Систина се покажала крш во однос на Ремедика. Иначе се слагам за Симонида. Докторката ни еднаш не ме остави на цедило ,башка што секогаш ми врака на вибер...
Инаку девојки,синоќа поштено се изнаплакав. Толку ми беше тешко на желудникот ке си умрев . Се најадов шо се најадов и коа почна тежина,мислев дека желудникот ми беше горе во грло. Пробав да спијам,за пола се разбудив гушејки се во киселина што ми доаѓаше во грлото . Буквално желудникот го осекав у грло. И се мачев се мачев ми дојде преку глава и се изнаплакав Дури му реков на мм љубоморна сум ти Ваљда бебе се качува нагоре о притиска. Еве од сабајле не сум јадена и пак имам чувство дека желудникот ми е полн.
И јас често навечер имам болки во желудник, малку ми се намалува до јогурт. Пробај може ќе ти помогне
Некогаш при нагло станување стомакот како да ми се стврднува, 24+2 сум. Дали се тоа лажни контракции или нешто бебе се поместува па затоа така ми се случува?
100 пати си велам дека нема веќе да правам нагли потези ама се заборавам Кога ќе ми се стврдне стомакот ми текнува, не ме боли ама ми е непријатно чувството, плус во последно некако го баталив магнезиумот, малце треба да се доведам во ред
Девојки околу папок од сабајле осеќам како боцкање и теглење, што може да е? Пред некој осетив од левата страна како чешање од внатре помислив може едното бебе е, ама после со денови ништо не осетив, си реков сум си замислила. Инаку 17+ недели сум.
Нормално е, се шири матката, а и кожата нели. А внатре ако осетиш нешто е бебето секако, односно бебињата. Моево е мирно засега, го нема, се јавува еднаш на недела дена и толку. 18+ сум.
Девојки 9+5 сум и осеќам доле скроз како благи болки понекогаш лево понекогаш десно. Не се постојани болките не се ни толку болни така како грч две секунди и толку. Дали е нормално или ?
Женски, колку ви измерија нухален кај бебе? Докторов измери трипати еднаш 1, 2 и највисокото 2, 1. Не било високо рече, таман е. Ама сега не сум пак мирна. Иако праев пренатален. Инаку останатото беше во ред. Ај ве молам, нека каже некоја потазе шо била на преглед.
Зошто се замараш со ехо мерки кои не се толку прецизни кога веќе правеше пренатален? Опушти се и уживај си