На резултатите од вчера кај мене пишува 1,3. Како што ги гледав деталните извештаи 0,98 најмалку беше, 1,6 најголема цифра. Немам правено пренатален, така да се надевам овие бројки се во ред
Искуство со Д-р м-р Симонида Котларова Попоска од Ре - Медика? Сакам за втор скрининг да одам кај неа, до сега сите прегледи сум си ги правела кај матичната. И како се со цени во Ре - Медика?
Јас веќе неколку години одам кај др. Котларова и сум презадоволна. За цени најубаво да си прашаш на информации. Преглед обичен е околу 2500, 3000 денари мислам. Тука негде се со цените како Систина за прегледи мислам.
4900 втор скрининг кај Др Елена Петрова пред една недела праев.Кај Симонида не сум била ама ја фалат доста .
Споредив со претходната бременост, највисокото беше 1.5. И тогаш замисли, ем помал набор ем со приската ме испаничи докторката. А сега споредив 2.1, можда за 0.6 не е многу, ама ќе бев помирна во психа да беше со 1 напред. Сега јанѕа ќе ме јаде. Ќе ги споредувам сега фацината на бебево со бато ко беше ко него, забележав дека е исто ко првово синче. Леле а бе само здрави прави да ни се.
@elenaklasik ама нухалниот набор е само една индикација која не мора да значи ништо. Кај многу повисока бројка пуштаат на пренатален или на амнио. Не знам зошто се замараш воопшто ко имаш пренатален правено.
Знам. Ама секогаш едно црвче ме јаде. Што ако што ако... Инаку одговара за неделите, малку и поголемко во споредба со менструацијата кога беше. И син ми беше понапред со раст вака од овие недели. Реков, за психа моја повеќе, отколку што би значело нешто само за себе. Некоја перфекционистичка страна од карактерот. Инаку, докторов има добро ехо нов апарат патем, стручен и детален е и така, да се тешам и смирам нерва. И да дополнам, до толку е добар што крв не пушти на брисевите.
Ама наталниот е многу поверодостоен од ехо мерките. Мерките зависат многу и од докторот, како тој ги зема. Значи опушти се, не си прави стресови, си имаш пренатален. Не е убаво за бебето да се стресуваш толку многу.
Кај кој правеше скрининг? Чим си правела пренатален тест нема што да се грижиш а замисли некои не ни прават пренатален тие што да прават.
Мамички и идни мамички Дали некоја од вас знае дали доктор Марија Јоксимовиќ на ГАК пораѓа царски и дали сте имале искуство со неа?
Ама крв мора да пушти за да земе брисеви, така бар мене ми објасни, тоа е задолжително. Иначе да не се замараш ич за нухален, кај мене синко не беше мирен и не успеа асално да го измери и ич ама ич не се замарам, секако бев на мисла дека и да има нешто тоа е тоа, не може да се корегира, не планирам да го абортирам недајбоже, тоа е, го правам од што доктор ми кажал не дека нешто ќе ми значи. Едвај ама едвај измери една мерка, 1.6 и толку, не успеа друго, никој не ме ни праша за друго.
Девојки после синоќешните маки со желудникот еве почна пак. што да правам ,многу ми е лошо,само иждригам нонстоп ...ме притиска ,мислам дека како во грч ми е, од една страна цицките ,од друга бебето...се ме притиска врз желудникот ....ке спобудалам уште сега Како да се наместам да ми биде полесно
А лежиш? Ако лежиш на лева страна а ако не пробај со бадеми, маслинки, гастрогард, или на крај краева јави се на гинеколог.
Буричкаше со стапчињата, зеде таман. 4 стапчиња. Го видов и секретот на нив, така што не би требало да се сомневам дали добро зел. Има години искуство докторов и самиот виде дека нема крв, да било тоа предуслов за асално земен брис, сигурно ќе го повтореше. Ден два ќе го мислам сега бројчево, па ќе оладам. И останатите параметри да се добри, и тоа е битно. И ехото да му е салам на докторот, мислам дека сѐ се забележува. Му велам докторе, како се прегледувале порано жените без ехо, среќа шо сум родена во денешницава. Ми вели па не знам дали тие си посреќна сега или ти тогаш - ми го плесна
Моментално седам. На работа Веројатно вака ке биде нонстоп како ке расте бебето..незнам само дали е нормално толку да е лошо?
Пораѓа и царски. Ама ако е на смена. Јас бев кај неа, предобра докторка. Добар однос, смирена. Со мене кога се пораѓав беше до крај на работното време, и во текот на денот се слушавме. Достапна е на вибер, не те остава да паничиш безвезе. Ако мисли дека има потреба те праќа на дежурен, ѕвони на дежурните и ги известува. Се на се презадоволна сум од докторката. Уште некое бебе ако имам, пак кај неа ќе си одам А да, и од кога се породив наредниот ден доаѓаше, ме прегледуваше. Мене не ми ја дадоа беба одма, после 18 саати ми ја донесоа па во меѓувреме ја напнав и докторката да иде да ја ѕирне и да праша зашо не ми ја носат
Ми се случуваше исто во 9та,10та недела. Нормално е. Земај си магнезиум многу помага. Оваа воопшто не е точно. Каква крв, не ме ни боли кога ми зема брисеви не па крв да ми пушти. Никогаш му се нема случено на матичниот па ни сега во бременоста. Земањето брисеви треба да е безболно и без крв.